Димов Гроб (Уланци)
Димов Гроб — археолошко наоѓалиште во велешкото село Уланци. Претставува некропола од железно време. Во месноста Ветерница, на левата страна од патот за Џидимирци и на 1 км од селото се гледаат камени плочи од гробни конструкции. Има триесетина гроба од типот циста, со насоченост исток-запад или северозапад-североисток. Во еден од гробовите се најдени лошо зачувани остеолошки остатоци, 2 спирални обетки од бронзен тељ, фрагмент од салталеон, мониста од кафеава стаклена паста и други предмети од бронза во вид на цевче, фрагмент од керамички сад со сивокафеава боја и со две врежани линии. Од 1992 до 1994 година некрополата е ископувана од Музејот на Македонија. Истражени се 50 гроба-[[цисти со конструкции од камени плочи, со згрчена инхумација, поставени во правец исток-запад, организирани во редови, најчесто по линијата север-југ. Некрополата е датирана од VIII до XI век пред н.е. Што се однесува до матичната населба на некрополата, таа се наоѓа на 200 м јужно, на ридот Столот, каде што се откриени културни слоеви со материјални остатоци исти како оние од некрополата. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.[1] Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia