Селото се наоѓа веднаш на левиот брег на реката Вардар, спроти селото Градско во источниот дел на истоимената општина. Уланци е рамничарско село и лежи на надморска височина од 120 метри. Веднаш до селото, во Вардар се наоѓа островот Уланци, втор по големина речен остров во Македонија и трет воопшто во земјата, чија површина изнесува 5 хектари.[2]
Историја
Уланци е стара населба. Бидејќи е во близина на античкиот град Стоби, за кој се претпоставува дека се протегал на двете страни на реката Вардар сè до утоката на Црна Река, на местото на селото имало населби уште во античко време. Денешното село Уланци најверојатно е настанато како чифлик во периодот на Отоманското владеење.
Стопанство
Главна и доминантна стопанска гранка на населението е полјоделството. Најзастапено е одгледувањето на пиперките (зелените пиперки), доматите, кромидот, а застапена е и пченицата и одгледувањето на тутун и винова лоза. Во зимскиот период во околината на селото на зимување доаѓаат стада овци од Западна Македонија.
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
297
—
1953
291
−2.0%
1961
249
−14.4%
1971
183
−26.5%
1981
172
−6.0%
Година
Нас.
±%
1991
100
−41.9%
1994
84
−16.0%
2002
80
−4.8%
2021
51
−36.3%
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[3]
Според пописот од 2002 година, Уланци брои 80 жители. Од пописот од 1994 година, кога селото броело 84 жители, бележи благ пад на своето население за 4 жители (сите од ромска националност).
Националниот состав на населението на Уланци е следниов:
Доселеници:Симиџијовци-Грци (1 к.) доселени се во почетокот на 19 век од селото Чебелево кај Јанина, Грција; Дорнајовци (1 к.), Пецовци (1 к.) и Рковци (1 к.) доселени се почетокот на 19 век од селото Ногаевци; Маслинковци (1 к.) доселени се во 1870 година од селото Ногаевци, а таму во 1850 година од селото Градско; Гошовци (1 к.) доселени се во 1880 година од тиквешкото село Бојанчиште, а таму се доселиле од селото Витолиште во Мариово почетокот на 19 век; Јефтовци (1 к.) доселени се во 1880 година од селото Горно Чичево; Ангелковци (3 к.) доселени се во 1885 година од тиквешкото село Манастирец; Николовци (1 к.) доселени се од селото Манастирец во 1886 година; Трипчевци (1 к.) доселени се од селото Ногаевци во 1890 година; Парапиновци (1 к.) доселени се во 1890 година од селото Бојанчиште, а таму кон крајот на 18 век од мариовското село Полчиште; Пецовци (1 к.) доселени се во 1904 година од тиквешкото село Конопиште; Петревци (1 к.) доселени се во 1910 година од тиквешкото село Џидимирци; Деловци (1 к.) доселени се во 1913 година од селото Џидимирци, а таму почетокот на 19 век од селото Бојанчиште; Каравиловци (1 к.) доселени се 1913 година од селото Џидимирци; Гичевци (1 к.) доселени се во 1915 година од селото Ногаевци; Павлевци (1 к.) доселени се 1916 година од селото Џидимирци.[9]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“