Димче Протуѓер
Димче Протуѓер (Охрид, 24 октомври 1920 — Скопје, 30 март 1995) — македонски уметник, сликар, резбар и графичар. Протуѓер е меѓу основоположниците на сликарството во Македонија по Втората светска војна.[1] ЖивотописРоден е во семејството на Панде Протуѓеров на 24 октомври 1920 година во Охрид, Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Протуѓер е еден од основачите на ликовната група Денес.[2] Слика предели, мртви природи, прави илустрации за книги и се занимава со дрворезбарство. Бил директор на резбарската школа во Охрид.[1] Го отпочнува ликовното образование на Школата за применета уметност во Белград во 1939, за да го оформи на Ликовната академија во Софија. Во 1947 година станува член на ДЛУМ. Работел како професор и директор на Резбарското училиште, а потоа како професор и директор на Училиштето за применета уметност во Скопје. Учествувал на групни и самостојни изложби во Македонија и надвор од неа. Се занимавал со сликарство, графика, цртеж, таписерија, зграфито, витраж и извел повеќе монументални композиции во овие техники. Ја добил наградата за животно дело “Бигорски следбеници” од ДЛУПУМ и Орден на братство и единство. Починал во Скопје на 30 март 1995 година.[1] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia