Димче Савевски
Димче Савевски (роден во Тетово) — поранешен македонски генерал-мајор, учесник во НОБ и публицист.[1] ЖивотописСавевски е роден во Тетово. Втората светска војна го затекнала како ученик во тетовската гимназија. Уште во 1941 година се прилкучил во НОБ. Бил затвореник и логораш во Тирана и Драч, Албанија од 1943 година, па сè до капитулацијата на Италија. Бил учесник во првите покрупни партизански единици во Македонија, од борец и раководиел во првата и третата МУБ, 4тата оперативна зона и 16тиот македонски корпус. Учествувал во поважните борби, маршеви, офанзиви и контраофанзиви, во ослободувањето на Кичево, во борбата за одбрана на слободните територии во Западна Македонија, во Мегленско, во Февруарскиот поход, пролетната офанзива и мн. други. По ослободувањето бил активен старешина на ЈНА, разни должности од кои последна му била помошник н акомандантот на третата воена област, кога го добил и чинот генерал. За целото службување, а и по пензионирањето бил активен во општествено-политичкиот живот во ЦК на КПМ, односно на СКМ и Социјалистичкиот Сојуз на Македонија. Еден мандат бил и народен пратеник во Републичкото Собрание. Бил член на републичкиот одбор и на Претседателството на Сојузот на борците на Македонија. Библиографија
Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia