Западна Македонија
Западна Македонија — регионот западно од планинскиот масив Јакупица (Солунска Глава), западно од Раечка Река и Селечка Планина, сè до границите со Албанија на запад, дел од границата со Грција на југ и делот на границата со Косово на север. Западна Македонија се одликува со посебни културни, јазично-дијалектни и историски особини. Карактеристична област во овој дел од земјата е Реканскиот Регион (наречен и само Река). Многу често овој термин се користи во политичка смисла само за регионите на Тетово, Гостивар и Дебар, односно на краиштата претежно населени со Албанци, што е погрешно бидејќи во Западна Македонија покрај овие три региони спаѓаат и следниве градови и нивните околини: Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Кичево, Крушево, Ресен, Македонски Брод и Демир Хисар. Иако географски гледано денес на картата на Република Македонија градот Прилеп изгледа дека е на средишниот дел, сепак ако се гледа картата на регионот Македонија (Вардарска, Егејска и Пиринска Македонија) пред поделбата во 1913, тој ги има етногеографските одлики на западен македонски град. ДемографијаСпоред пописот од 2002 година, во овој регион живееле 763.912 жители.[1] Од етнички аспект, Македонците живеат на целата територија, додека Албанците претставуваат мнозинско население во целата Полошка Котлина, во градот Дебар, а околу една половина од населението сочинуваат во Кичевско и Струшко (дел од Македонците муслимани се изјаснуваат како Албанци). Помал број на Албанци живеат во градовите Охрид, Битола и Ресен, како и во неколку преспански, битолски, прилепски и крушевски села. Македонското население е поделено во две конфесии - христијани и муслимани, а Македонците муслимани претставуваат најмногубројно население во Реканскиот регион, а исто така во голем број се застапени и во Дебарско, Жупа, Струшко (Поле и Дримкол) и Кичевско и Прилепско. Турците во најголем број живеат во Гостиварско, односно во градот Гостивар и уште во неколку големи села, потоа во Жупа, Преспа, како и во градовите Дебар, Струга, Охрид, Кичево, Битола и Ресен. Ромите се застапени готово во сите градски средини, а Власите живеат во Крушево (20 % од населението), Струга, Охрид, Битола и во неколку битолски села. Етнички гледано, населението е составено од:[1]
Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia