Добра Вода (манастир)

Добра Вода
Поглед на манастирскиот двор
Информации
Целосно имеМанастир „Св. Богородица Балаклија“ - Оризари
Други имињаОризарски манастир
Манастир на:МПЦ - ОА
Посветен наПресвета Богородица
ЕпархијаБрегалничка
Цркви„Св. Богородица Балаклија“
Личности
Место
Местосело Оризари, Општина Кочани, Македонија Македонија
Координати41°56′17″N 22°27′35″E / 41.93806°N 22.45972°E / 41.93806; 22.45972
Видливи остатоци1 црква, трпезарија, помошни објекти
Отворен за јавностада
Други информации(Оризарска парохија)

Оризарски манастирманастир во близина на кочанското село Оризари.

Местоположба

Манастирот се наоѓа надвор од селото, во североисточна насока. До него во 2021 година бил изграден локален асфалтен пат од Оризари.[1]

Историја

Манастирот се наоѓа во близина на месноста Бела Црква, на која во минатото постоела црква и која имала видливи ѕидови.[2]

Манастирот и црквата биле целосно обновени во 2023 година, кога манастирската црква била и преосветена.[3]

Градби во манастирот

Манастирот е составен од црквата „Св. Богородица Балаклија“, трпезарија и помошни објекти.

Црква „Св. Богородица Балаклија“

Црквата била подигната во 1940 година.

Особености

Манастирот е раководен од страна на домаќинот Стефан Смилков.[3]

Во непосредна близина се наоѓа изворот Добра Вода, по кого е и наречен самиот манастир, за кој се верува дека има лековита вода.[3]

Галерија

Наводи

  1. „Пуштен во употреба локалниот пат од Оризари до манастирот „Пресвета Богородица" во Добра Вода“. aktuelnosti.mk. Посетено на 2024-11-07.[мртва врска]
  2. Трифуноски, Јован (1970). Кочанска котлина : сеоска насеља и становништво. Скопје: Универзитетска печатница. стр. 103. OCLC 16745284.
  3. 3,0 3,1 3,2 Велкова, Тања (2023-11-05). „Манастирот посветен на Пресвета Богородица – Добра вода Оризари со нови фрески и иконостас, Владиката Иларион изврши преосветување - сито.мк“. Посетено на 2024-11-07.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya