Црква „Св. Богородица Балаклија“ - Оризари
Света Богородица Балаклија (или Пресвета Богородица Балаклија) — главна манастирска црква на манастирот Добра Вода во кочанското село Оризари, Македонија. МестоположбаЦрквата се наоѓа над денешното Оризари, додека во минатото црквата била над некогашното село Витоша.[1] Во близина на црквата се наоѓа изворот Добра Вода, по кого е и наречен целиот манастир.[1] За изворот се верува дека е лековита вода. ИсторијаИстражувачот Јован Трифуноски наведува дека на месноста Бела Црква, североисточно од денешното село, постоеле остатоци на срушена црква. Од црквата биле видливи ѕидови високо до 60 центиметри, а црквата била долга 8 и широка околу 4 метри. На ѕидовите се познавале и фрагменти од фрескоживопис.[1] Храмот бил изграден во 1974 година на темелите од старата црква, а бил осветен на 1 мај 1992 година од страна на митрополитот Брегалнички г. Стефан.[2] Црквата била преосветена од страна на митрополитот Брегалнички г. Иларион на 5 ноември 2023 година откако истиот бил целосно обновен, фрескоживописан и добил нов иконостас.[3] АрхитектураФрескоживописЦрквата поседува целосно нов фрескоживопис. Иконостас и икониПри обновата на црквата добила целосно нов иконостас. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia