Доминик Нерц
Доминик Нерц (германски: Dominik Nerz; р. 25 август 1989) — поранешен германски професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2008-2016. Иако бил јуниорски национален првак во велодромски велосипедизам, Нерц главно вози како друмски велосипедист. По бројни победи како младинец, тој се придружил на развојната екипа Тим Милрам и го освоил германското друмско првенство под 23 години. По една сезона за континенталната екипа Милрам, тој му се придружил на сениорскиот состав и станал професионалец.[1] По распаѓањето на Милрам, му се придружил на Ликвигас-Канондејл за 2011,[2] и возел на неговиот прв Гранд Тур подоцна истата година - Вуелта а Еспања 2011. Возејќи како поддршка на Винченцо Нибали, тој завршил 38. во генералниот пласман и бил највисоко пласиран Германец во крајниот пласман. Тој исто така завршил трет на етапата 18 и тоа било негов најдобар резултат таа сезона.[3] Нерц го напуштил Ликвигас-Канондејл на крајот на сезоната 2012 и му се приклучил на Аксент Џобс-Ванти за сезоната 2013.[4] Во септември 2014 година, Бора-Хансгрое објавил дека со Нерц потпишале двегодишен договор од 2015 година, како предводник на екипата за големите трки и слични етапни трки.[5] Во октомври 2016 година, Нерц потврдил дека се повлекува од трки поради здравствени причини.[6] Достигнувања
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia