Тур де Франс 2012
Тур де Франс 2012 бил 99. Тур де Франс. Започнал во белгискиот град Лиеж[1][2] и завршил традиционално на Шанзелизе во Париз. Покрај прологот и две друмски етапи се возеле низ Белгија, додека една етапа завршила во Швајцарија. Рутата била случајно објавена од ASO на нивната официјална страница на 10 октомври 2011,[3] осум дена пред официјалната презентација. Рутата вклучувала вкупно 101,1 километар[4] во поединечни хронометри и три завршници на нагорнини: Ла Планш де Бел Фил (етапа 7), Ла Тусуар - Ле Сибел (етапа 11) и Пејрагудс (етапа 17). Кол ду Гран Коломбје, искачување кое претходно било возено на Критериум ду Дофине, Тур де л’Авенир и Тур де л’Ен, било вклучено за првпат и било помеѓу шесте категоризирани искачувања од екстра категорија на Алпите и Пиринеите.[5] Бредли Вигинс (Тим Скај) го освоил генералниот пласман на трката, со предност од 3' 21" пред сонародникот и колегата Крис Фрум. Тие станале први британски возачи кои завршиле помеѓу првите тројца во генералниот пласман. Жолтата маичка била носена во текот на првата недела од Швајцарецот Фабијан Канчелара (РадиоШек-Нисан), кој го освоил прологот.[6] Вигинс, втор на прологот, го преземал водството на трката на етапата 7, првата планинска етапа, која била освоена од Фрум,[7] и го одржал неговото водство до крајот на трката, победувајќи на двата долги хронометри и не губејќи воопшто време пред главните соперници на ниедна етапа во планините. Фрум бил втор на обата хронометра и бил заедно или малку подобар од Вигинс на планинските етапи. Третото место во генералниот пласман му припаднало на Италијанецот Винченцо Нибали (Ликвигас-Канондејл), единствениот возач, кој постојано го држел темпото на Вигинс и Фрум во планините. Бодовниот пласман бил освоен од словачкиот колега на Нибали Петер Саган, кој имал најмногу освоени бодови на целата трка. Саган освоил три етапи и бил втор или трет на уште четири: германскиот спринтер Андре Грајпел од Лото-Белисол и светскиот првак Марк Кевендиш, уште еден британски возач од Тим Скај, обата исто така освоиле по три етапи, но не биле толку присутни на другите спринтови. Францускиот возач од Тим Јуропкар Тома Веклер, победник на две планински етапи и освојувач на седум последователни врвови, го освоил планинскиот пласман, а американскиот возач од Аксент.џобс-Вилемс Веранда Тиџеј ван Гардерен, петти во вкупниот пласман, ја освоил наградата за најдобар млад возач, додека екипниот пласман бил освоен од страна на екипата РадиоШек-Нисан, а Крис Анкер Серенсен ја добил наградата за најборбен возач. ЕкипиСите 18 UCI ProTeam екипи се автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Четири UCI Professional Continental екипи, една холандска и три француски се исто така поканети.[8] †: Поканетите континентални екипи Фаворити пред тркатаПобедникот од 2011 Кедел Еванс ја бранел неговата титула на Тур. Вицешампионот Енди Шлек (и подоцна објавениот победник од 2010) немало да учествува на трката поради фрактура на неговата карлица, здобиена на Критериум ду Дофине.[9] Третиот сè уште активен поранешен победник на Тур де Франс Алберто Контадор бил моментално суспендиран и затоа немало да вози на овогодишниот Тур. Други поранешни победници на некој Гранд Тур, кои биле присутни на овогодишниот Тур де Франс се: Денис Мењшов (Џиро д’Италиа 2009 и Вуелта а Еспања 2005 & 2007), Александар Винокуров (Вуелта а Еспања 2006), Алехандро Валверде (Вуелта а Еспања 2009), Винченцо Нибали (Вуелта а Еспања 2010), Хуан Хосе Кобо (Вуелта а Еспања 2011), Иван Басо (Џиро д’Италиа 2006 & 2010), Микеле Скарпони (Џиро д’Италиа 2011) и Рајдер Хесједал (Џиро д’Италиа 2012).[10][11][12] Врвен фаворит според многу критичари бил британскиот велосипедист Бредли Вигинс.[13][14] Бројот четири на изданието во 2009 и добиен подиум на Вуелта а Еспања 2011 ја покажал добрата форма во текот на целата сезона со освојувањето на генералните пласмани во значајни етапни трки, како што се Париз-Ница, Тур де Романди и Критериум ду Дофине. Поранешниот велодромски велосипедист се сметал за еден од подобрите специјалисти за хронометри во главната група, а големиот број на хронометарски километри му одат во прилог. Етапи
Пласмани![]() Постојат неколку пласмани на Тур де Франс 2012. Најважниот е генералниот пласман, пресметуван со додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа. Велосипедистите со најмало вкупно време е водач на трката, на кој му се доделува жолтата маичка; победникот во овој пласман се смета за победник на целиот Тур.[17] Во 2012, не постојат бонус секунди.[18] Дополнително, тука е бодовниот пласман, кој се наградува со зелената маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добиваат бодови за завршување меѓу најдобрите во етапата или на средните спринтови. Велосипедистот се најмногу бодови води во пласманот и му се доделува зелената маичка.[17] Исто така, постои и планински пласман. Организаторите категоризираат одредени искачувања како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија; бодови за овој пласман може да освојат првите велосипедисти на некое искачување, со разлика во бодовите на секое категоризирано искачување. Велосипедистите со најмногу бодови води во пласманот и му се доделува точкестата маичка.[17] Четвртиот поединечен пласман е пласманот за млад возач, кој е награден со белата маичка. Овој пласман се преместува на истиот начин како генералниот пласман, но учествуваат само возачи помлади од 26 години.[17] За екипниот пласман се додаваат времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа по секоја етапа; водечка екипа е екипата со најмало вкупно време. Возачите во екипата, кои водат во овој пласман, добиваат жолти броеви на нивните дресови[18] и за првпат во 2012 и жолти кациги. Наградата за борбеност (исто така именувана како награда за најагресивен возач[18]) е одредена од судиите по секоја етапа.
ПоредокГенерален пласман
Бодовен пласман
Планински пласман
Пласман за млад возач
Екипен пласман
Галерија на маичките
Бодови за светската турнејаТур де Франс била една од 29. трки во текот на сезоната, кои се бодуваат за Светската турнеја. Бодови освоиле првите 20 возачи во генералниот пласман и првите пет возачи на секоја етапа. Само возачите од UCI ProTour екипите можеле да освојуваат бодови за рангирањето.[19] Награден фондВкупно, околу 3,5 милиони евра биле доделени во текот на трката. Првично, секоја екипа добила 51.243 €, додека секоја екипа, која го завршила Тур со најмалку седум возачи добила по 1.600 евра по возач. Победникот на генералниот пласман добил 450.000 евра, со помали награди за секоја понатамошна позиција, сè до 400 евра за последниот возач.[22]
Победникот на етапата добивал по 8.000 евра на обична етапа и 10.000 евра за хронометар. Парите постепено се намалувале, па така возачот на 20. место добил 200 евра. Првата личност која минела низ средниот спринт добивал по 1.500 евра. Пари исто така се добивале за поминување на категоризираните искачување, за најдобриот млад возач на секоја етапа, најборбениот возач и најдобрата екипа на етапата.[22]
Две други специјални награди биле доделени. Првата за преминување на Кол ду Турмале и Кол де ла Кроа де Фер се доделил сувенирот Жак Годе, односно сувенирот Анри Дегранж соодветно. Секоја награда изнесувала 5.000 евра.[22]
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia