Домника РајчановскаДомника Рајчановска (р. 1960 година[1]) — македонски педијатар и универзитетски професор. ЖивотописСредно училиште завршила во гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Битола. Дипломирала на Медицинскиот факултет во Скопје во 1984 година. Специјализирала на педијатрија од 1995 година до 1999 година. Магистерските студии ги завршила во 2007 година и потоа запишала докторски студии во 2008 година. Во 1986 година се вработила во Медицинскиот центар во Битола. Како педијатар работела во амбулантата во Домот за доенчиња и мали деца, исто така во Битола. Последните години работела во ЈЗУ Здравствен дом во Службата за превентивна здравствена заштита на деца од 0-6 години. Во 2007/08 година станала предавач на Високата Медицинска школа во Битола. Од научно истражувачките области проучува педијатрија, спортска медицина, здравствено воспитание и медицина на трудот. Посебен фокус од научно-истражувачката дејност посветува на клиничката медицина. Како професор, а потоа и директор на Медицинската школа во Битола при универзитетот „Св. Климент Охридски“, Рајчановска предавала многу предмети. ПостигнувањаИма учествувано на бројни конгреси, симпозиуми и семинари и е автор или соавтор на повеќе стручно-научно трудови од областа на педијатријата. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia