Доспат (општина)За други значења на поимот, погл. Доспат.
![]() Општина Доспат (бугарски: Община Доспат) — општина во Пиринска Македонија во Смолјанската област. Од 2015 г. Градоначалник на Општина Доспат е Елин Радев. ГеографијаГеографска положба, граници, големинаОпштината се наоѓа во најзападниот дел на област Смолјан. Граничи со:
Природни ресурсиРелјефРелјефот на општината е во средно и високо планински и се простира во јагозападниот дел на Западните Родопи. На нејзината територија потпаѓаат делови од три орографски единици, коишто се составни делови на Западните Родопи. На север се наоѓа највисокиот западен дел на Девинска планина. Од северозапад на југоизток, североисточно и источно од долината на река Доспат се простира дел од најдолгиот родопски рид – Велијшко-Виденишкиот дел. Југозападно од село Змеица, на границата со општина Борино се издигнува врв Виденица (Ѓоз тепе, 1652,5 m), а на околу 3 km североизточно од град Доспат – врв Даа (1652,6 m). Најзападниот регион на општината, потпаѓа во големиот басен на реката Доспат. Најнискиот дел на општина изнесува 574 m н. и се наоѓа во крајниот југозападен дел, на границата со Грција, во коритото на река Доспат. ВодиОсновна водна артерија на општина Доспат е реката Доспат (лева приток на Места). Западно од град Доспат на реката е изградена преградната стена на вториот по големина бугарски резервоар – Доспат. После истекувањето од езерото, реката завртува кон југ, преминува преку куса клисура и навлегува од север во малата Барутинска котлина. На околу 4 km југозападно од село Брештен реката навлегува на грчка територија. НаселениеЕтнички состав (2011)Состав и удел на етничките групи според пописот на населението во 2011 г.:[1]
Населени местаОпштината има 8 населени места со вкупно население од 7510 жители, според проценката на 7 септември 2021 г.[2]
Административно-територијални промени
ТранспортПреку општината поминуваат делумно 3 патишта од Републиканската патна мрежа на Бугарија со општа должина 50,3 km. Наводи
Извори
Надворешни препратки
|
Portal di Ensiklopedia Dunia