Црнча (Смољанско)
Црнча — село во општина Доспат, Смољанска област, Пиринска Македонија. Географија и местоположбаСелото Црнча се наоѓа длабоко во Родопите, на надморска височина од 1,112 метри. Од градот Неврокоп е оддалечено 31 километар источно, додека од својот општински центар Доспат, е оддалечено 10 километри југозападно. Од градот Смољан (кадешто и административно припаѓа) е оддалечено 49 километри западно. Селото се наоѓа во непосредна близина на границата помеѓу Бугарија и Грција. ИсторијаСтопанствоАтарот на селото зафаќа површина од 12км². Околу селото има тревна вегетација, додека на остатокот од атарот преовладуваат шумите.[1] НаселениеСпоред пописот од 2021 година, селото имало 530 жители, со густина на населеност од 44 луѓе на километар квадратен. Во пописот од 2011 година имало 633 жители, што значи дека во текот на една деценија имало стапка на пад на население од -1.7%.[2] Општествени установиВо селото работи целодневна детска градина “Зора”, како и една џамија. Самоуправа и политикаПоштенски код на селото е 4837. Културни и природни знаменитостиРедовни настаниЛичностиКултура и спортИселеништвоНаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia