Драгошки манастир
Драгошки манастир — манастир во близина на битолското село Драгош.[1] Комплексот е сместен во самото истоимено село, на падините на Баба Планина и непосредно на самата гранична линија со Грција. МестоположбаМанастирот се наоѓа јужно од селото, покрај државната граница.[2] До манастирот води асфалтен пат, кој започнува од сретселото на Драгош. ИсторијаМанастирот бил подигнат во текот на XIX век.[3] Во 1903 година, манастирот бил запален, па наскоро обновен. До 1912 година бил доста познат манастир, така што на манастирската слава (Илинден) доаѓале гости од леринските села Опсирино, Света Петка и Раково, а некои дури и од Солун.[2] Сè до крајот на отоманското владеење манастирот бил во Мегленската митрополија под врховенството на Цариградската патријаршија.[4] Манастирот имал малку земја и стока, која после Втората светска војна била дадена на селската задруга.[2] Манастирот бил обновен во XX век.[5]
Градби во манастиротМанастирот е составен од црквата „Св. Илија“, камбанарија, конак и помошни објекти. Црква „Св. Илија“Црквата била подигната во текот на XIX век. Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia