Опсирино
Опсирино или Опсирина[1] (грчки: Εθνικό, Етнико, до 1927 г. Οψίρινα , Опсирина[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Лерин, во Западна Македонија, Грција. Населението брои 49 жители (2021), сочинето исклучиво од Македонци.[3] Географија![]() Селото е сместено 10 км северозападно од Лерин и 3 км западно од Долно Клештино, крај патот преку Драгош за Битола. Лежи крај Мала Река, во пазувите на планината Пелистер близу границата со Р Македонија. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоОписирино отсекогаш било македонско село. На почетокот на XX век селото припаѓало на Битолската и имало албанско малцинство кое подоцна исчезнало. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Опсирино имало 260 жители Македонци и 60 жители Албанци муслимани.[4][5] На почетокот на XX век грчката пропаганда правела обиди да пушти корени во селото, и сите христијани во него биле под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Обсирина имало 208 Македонци под патријаршијата и во неа работело грчко училиште.[4][6] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Опсирина се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 60 куќи.[7] Во Грција![]() По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 293 жители.[3] Во овој период Боривое Милоевиќ го завел како населба со 30 македонски куќи, а во 1920 г. во Опсирино се попишани 264 лица. Во 1927 г. властите го преименувале во Етнико, што во превод значи „национално“.[8] Следната 1928 г. селото броело 296 лица.[3] Во 1940 г. селото покажува зголемување на 372 жители, иако во овој период имало иселување во прекуокеанските земји. За време на Граѓанската војна две семејства од Опсирино пребегале во Р Македонија, а повеќе поединци се иселиле во источноевропските земји. По војната настапило помасовно иселување во прекуокеанските земји и населението продолжило да се намалува до денес. Според истражување од 1993 г. селото е чисто „словенојазично“ и во него македонскиот јазик е одлично зачуван.[9] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia