Државен пат 11 (Грција)
Државен пат 11 или ЕО11 (грчки: Εθνική Οδός 11) — пат во поширокото градско подраје на Солун, Егејска Македонија. Предвиден е во 1975 г. и пуштен во употреба во 1990-тите. Сочинува северозападен дел на Внатрешната солунска обиколница. Има две ленти, по една во секој правец, но надградбите се во тек. Почнувајќи од клучката со автопатот А25 во северен Солун, минува низ општините Павлос Мелас, Корделио-Арманќој (Корделио-Евосмос) и Амбелокипи-Менемени, па се поврзува со Новата западна пристапница на Солун (А122) и автопатот А2 („Егнатија“). Патот се надградува на автопатен стандард со изградбата на три клучки.[1] Со завршувањето на работите, предвидено новиот автопат да биде наречен А121.[2] Населени местаОва се населените места со свои излези на патот, наведени по возен редослед:[2]
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia