Павлос Мелас (општина)
Павлос Мелас (грчки: Δήμος Παύλου Μελά, Димос Павлу Мела) — општина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Опфаќа три населби во Солун, а административен центар е Ставруполи, создадено во XX век од грчки бегалци од Мала Азија. Населени места![]() Општината Павлос Мелас е создадена на 1 јануари 2011 со обединување на општините Ставруполи, Лембет и Кара Усеин по законот „Каликратис“.[1] Наречена е по офицерот Павлос Мелас (1870-1904) — деец грчката вооружена пропаганда во Македонија (т.н. „Борба за Македонија“), познат по неговите потфати за истребување на Македонците и македонштината, кој важи за голем национален херој во Грција. Општинска единица ЛембетОпштинската единица Лембет опфаќа само едно населено место — солунската населба Лембет (Ευκαρπία, Евкарпија). ![]() Општинска единица Кара УсеинОпштинската единица Кара Усеин опфаќа само едно населено место — солунската населба Кара Усеин (Πολίχνη, Полихини). Поранешна општина Ставруполи![]() Општинската единица Ставруполи опфаќа само едно населено место — солунската населба Ставруполи (Σταυρούπολη). новосоздадено ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia