Егнатија
Егнатија (грчки: Εγνατία Οδός, Егнатија Одос; ознака: А2) — автопат во Грција, дел од Европскиот пат Е90. Се протега во должина од 670 км, од Игуменица на запад до грчко-турската граница кај Бахчеќој (Кипи) на исток. Овој голем изградбен зафат започнал во 1994 и конечно завршил во 2009 г. со вкупна цена на чинење од 5,93 милијарди евра.[1] Со проектот раководело претпријатието „Егнатија одос“ А.Д. ИмеАвтопатот, инаку познат како А2, е наречен по познатиот римски пат Вија Егнација (на грч. Егнатија Одос) поради приближнот освоаѓање на нивното движње во делницата од Марица до Солун во должина од 360 км. Сепак, стариот римски пат е многу подолг (1 120 км), протегајќи се од Драч во денешна Албанија преку Солун, па сè до Цариград во денешна Турција. ГеографијаПравецот минува преку планинските предели на Епир и Егејска Македонија како што се венците Пинд и Каракамен (Вермио), што претставувало голем предизвик за градителите. Автопатот има вкупно 76 тунели и 1 650 мостови, напреден систем за надзор, осветлување, сударни ублажувачи и тунелско проветрување.[2] Автопатот ги има следниве одлики:
Покрај главниот правец, постојат и напречни патишта кои го поврзуваат со другите градови и аеродроми во Егејска Македонија. Иако е завршен во 2009 г., последниот зафат на правецот е направен во 2014 г. со изградбата на последниот мост.[3] Населени местаОва се сите населени места со свои излези на автопатот, наведени по возен редослед од исток кон запад:[4]
Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia