Дрокија
Дрокија (романски: Drochia) – град во северниот дел на Молдавија. Тој е административен центар на реонот Дрокија. Потекло на поимотИмето на градот доаѓа од локалниот вид на птица наречена „дропие (романски: dropie, македонски: голема дропла)“ ГеографијаГрадот се наоѓа на 174 км северно од престолнината Кишињев и 67 км североисточно од романскиот град Јаш. Просечната надморска висина на Дрокија е 226 метри. ИсторијаХроничарите првпат ја споменуваат Дрокија во 1777 година. До 1830 година била мала населба со 25 семејства. Според документ од 1847 година, тогаш била изградена мала постројка за обработка на грозје, првото индустриско претпријатие во градот. Во 1875 година биле изградени две воденици на локалниот поток. Поинтензивен индустриски развој градот доживеал со доаѓањето на железницата на крајот на 19 век. Според пописот од 1930 година, населбата (тогаш село) била позната како „Дрокија Гара“ (буквално „Станица Дрокија“), и имала население од само 595 жители. Статус на град Дрокија добила во 1973 година. НаселениеСпоред пописот од 2004 година градот брои 16.606 жители. Националната структура е дадена во следнава табела:[1]:
Распределбата на населението според мајчиниот јазик е следнава:
Галерија
Збратимени градовиДрокија е збратимена со: НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia