Евроазиски рис
Евроазиски рис (науч. Lynx lynx) — мачка од средна големина, автохтона на европските и сибирските шуми, каде е грабливец. Во Република Македонија ова е ретко и заштитено животно, и еден од симболите на државата. Евроазискиот рис е најголем од сите рисови, со должина од 80 до 130 см и висина од 70 см кај плешките. Мажјаците тежат од 18 до 30 кг, а женките просечно по 18,1 кг.[1] Има сиво до црвенкасто крзно со црни дамки. Шарата на крзното варира; рисовите со многу шари можат да се најдат близу до оние без шари. Ова е ноќно животно и како возрасно живе само. Покрај ова, звукот кој тие го испуштаат е многу тивок и ретко се слуша, и така присуството на овој вид некаде може да биде незабележано со години. Полесно е да се најдат остатоците од пленот и стапки, отколку да се види самото животно. Рисот се храни со зајаци, глодачи, лисици, срни, дивокози и ирваси. Како и други мачки, обидот на поголем плен е ризик. Главно лови со прикрадување и скокање врз пленот. Зимно време, заради снегот, ова е потешко, па тогаш се префрла на поголем плен. Европскиот рис претпочита диви шумовити предели со многу скривалишта и можност за прикрадување. Ловната површина на просечниот рис е од 20-60 км² и може да изоди повеќе од 20 км за една ноќ. СтатусНекогаш ова животно било честа појава насекаде низ Европа. До средината на XX век, рисот исчезнал во централна и западна Европа, каде во последно време одново е заживеан. Природно животното сѐ уште живее во источните и северните делови на Европа. Околу 90% од сите рисови живеат во Сибир. На целиот Балкан има нешто повеќе од 100 риса, од кои, најголемиот број од популацијата на критично загрозениот подвид - балкански рис (науч. Lynx lynx balcanicus), живеат во западна Македонија.[2] Заради овој факт, рисот е законски заштитен вид во земјата и еден од симболите на Македонија, и стои на монетата од 5 денари. Рисот во Македонија![]() Во минатото, рисот бил распространет на целата територија во западните и јужните делови на Македонија, како и на некои планини во источна Македонија. Со влошување на животните услови балканскиот рис целосно исчезнал од источните делови на Македонија, така што денес може да се најде само во густите шуми и недопрени области во Западна Македонија. Последните податоци за рис во Источна Македонија се од 1924 на планината Плачковица.[3] Во врска со големината на популацијата на рисот во Македонија, постојат бројни и различни податоци од кои не може да се извлече доследен заклучок. Според тврдењата на Мириќ на територијата на Македонија имало 120 единки,[3] додека пак според Мицевски само во клисурата на реката Радика може да се најдат околу 54 единки.[4] Христовски и Ангеловски, пак, проценуваат дека на целата територија на Македонија вкупниот број на рисови е приближно 35.[5] Во 2002 година Грубац проценува дека на територијата на Македонија живеат околу 35-40 единки.[6] Според Мириќ во периодот од 1917 до 1977 година рисот го проширил својот ареал на распространување во Македонија.[7] Во последните триесет години очигледно е дека бројноста на популацијата е во опаѓање, но од неодамнешните литературни податоци не може точно да се утврди во која мера е тоа опаѓање. Во март, 2010 е фатена жива единка на подрачјето на Маврово за која не се знае сè уште на кој подвид припаѓа. Популацијата на рисот е изложена на најразновидни закани, кои во најголем број произлегуваат од активностите на човекот. Некои од главните закани кои се забележани во Македонија се:
Законски регулативиРисот е животно кое е заштитено со закон во Македонија. Законот за ловство (Службен весник на РМ 20/96) го дефинира рисот како дивеч и го категоризира како заштитен дивеч (Член 12), а неговиот лов е трајно забранет (Член 15). Друг закон,мошне важен за заштитата на дивите животни е Законот за заштита на природата, кој е имплементиран во јуни 2005. Рисот е заштитен и со неколку меѓународни конвенции, кои се ратификувани од Р Македонија: Бернската конвенција, CITES, EU Habitats & Species Directive. Подвидови![]() Ова се утврдени подвидови на Европскиот рис. Други се сѐ уште само предлози, но сега се смета дека се синонимни со овие.
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia