Еднострана проверкаАлтернативната хипотеза каде што отстапувањата на Мx од Мо ги следиме во една насока, ја нарекуваме еднонасочна хипотеза, а проверките со кои го испитуваме прифаќањето на нултата хипотеза ги нарекуваме еднонасочни или еднострани проверки.Еднонасочната проверка се користи при проверка на статистичките хипотези и ни помага да определиме дали ќе ја прифатиме или отфрлиме нултата хипотеза.[1] Дефинирање на еднострана проверкаЕднострана проверка на хипотеза е пнаа каде што алтернативната хипотеза е со насока и ги вклучува симболите < и >.[2] Еднострана алтернативна хипотеза е алтернативна хипотеза која ги опфаќа сите можни вредности на параметарот на популацијата или на едната или на другата страна (поголема или помала) од вредноста определена со нултата хипотеза.[3]Алтернативната хипотеза е еднострана ако параметарот е поголем или помал од вредноста на нултата хипотеза. Проверката е двонасочена кога параметарот има различна вредност од вредноста на нултата хипотеза.Нултата хипотеза е обично проверена наспроти алтернативната хипотеза. Нулта и алтернативна хипотезаНултата хипотеза претставува тврдење за вредноста на параметарот на основната маса (Мx), кој со постапката на проверка настојуваме да го оспориме.Нултата хипотеза може да биде проста и сложена.Кај еднонасочната проверка постои сложена нулта хипотеза бидејќи се опфатени поголем број можни вредности.
Алтернативната хипотеза најчесто ги содржи сите вредности кои може да ги има параметарот Мx, а коишто не се опфатени со нултата хипотеза.Алтернативната хипотеза по правило е дадена во облик на сложена хипотеза.
![]()
Со помош на проверката на статистичките хипотези, информациите од примерокот ги користиме за испитување на прифатливоста на некои тврдења или претпоставки кои се однесуваат на одликите на основната маса .Најчесто се набљудува вредноста на некој параметар на масата, обликот на распределба на основната маса и слично.Кога истражувачот сака да проверува нова претпоставка, нова теорија, тој прво формулира хипотеза или тврдење за кое што претпоставува дека е точно.Нашата одлука за избирање на едната или другата хипотеза (алтернативната или нултата хипотеза) произлегува од строга постапка.Процесот на одлучување користи статистика на одлучување пресметана од случаен примерок, како што е средината на примерокот , варијансата на примерокот S2 или пропорцијата на примерокот.Статистиката на која ја базираме нашата одлука дали ќе ја прифатиме или ќе ја отфлиме нултата хипотеза се нарекува статистика на проверување. За разлика од двонасочниот или билатералниот кај еднонасочниот или едностраната проверка се проверува хипотезата дека вредноста на параметарот е поголема или еднаква, односно помала или еднаква на хипотетичната вредност на параметарот на основната маса.Кај овие проверки областа на прифаќање на хипотезата е ограничена само на едната страна.Оттаму со примена на хипотезата од овој облик се определува и насоката на отстапување на стварната од хипотетичната вреднот на параметарот на множеството популација.
Откако веќе прецизно сме ги дефинирале нултата и алтернативната хипотеза во понатамошната постапка на проверката вршиме избор на т.н.статистика на проверкаот т.е специфичниот критериум на проверката,од чијашто реализирана вредност зависи одлуката за прифаќање или отфрлање на хипотезата. Обликот на статистика на проверката е детерминиран со видот на проблемот што го разгледува. Во овој контекст предметот на нашето разгледување е проверката која е заснована на критериумот на проверката, дефинирањето во следниот облик:
Десностран еднонасочна проверка1. Ho : Mx ≤ Mo H1 : Mx > Mo
Средната тежина на пакувањето на житарици на популацијата паѓа во интервалот на вредности поголеми од 16 унци. Левостан еднонасочна проверка2. Ho : Mx ≥ Mo H1 : Mx < Mo
Средната тежина на пакувањето на житарици на популацијата паѓа во интервалот на вредности помали од 16 унци. Област на прифаќање и на отфрлање кај еднонасочната проверкаНултата и алтернативната хипотеза се меѓусебно исклучувачки тврдења што значи дека само една може да биде вистинита.Низата вредности на параметарот на примерокот чија веројатност е помала или еднаква од нивото на значајност (α) ја сочинува т.н критична област или област на отфрлање на Ho. Останатиот дел на распределбата ја претставува областа на прифаќање на Ho.Положбата на областа на отфрлање е детерминирана со карактерот на H1.Ако со алтернативната хипотеза се определува насоката на разликата помеѓу вредноста на параметарот на примерокот (Mx) и хипотетичната вредност на параметарот (Mo),тогаш областа на отфрлање ќе се наоѓа само на едната страна од распределбата. Поради тоа ќе имаме примена на еднонасочната проверка.Ако со алтернативната хипотеза не се определува насоката на разликата,тогаш областа на отфрлање ќе се наоѓа на двете страни од распределбата и ќе се примени двонасочнната. Кај еднонасочната проверка, областа на отфрлање на нултата хипотеза во целост се наоѓа на едниот крај на хипотетичката веројатносна распределба.Еднонасочната проверка ги следи отстапувањата само во една насока.Тоа значи дека ризикот α се распределува само на еден крај на веројатностите.Заради тоа се разликува и процедурата за утврдување на критичната вредност, како и правилото на одлучување на кое се темели конечната одлука.Тоа ќе го објасниме со следниов пример:
Истражувачот избира примерок од 36 парцели и проверката го спроведува при ниво на значајност α=0,02, а од претходно искуство се знае дека стандардното отстапување е 1,2.Имајќи ја предвид големината на примерокот статистиката на проверката има приближно нормална распределба.Нултата хипотеза ќе биде точна ако просечната потрошувачка по хектар изнесува, на пример, 5 или 6 тони.Меѓу нив земјоделскиот стручњак мора да избере една хипотетична вредност на аритметичката средина на множеството.Врз основа на избраната вредност Mo тој ќе го прецизира хипотетичката веројатносна на којшто ќе го користи при проверката.Во понатамошната постапка при проверката, истражувачот, за избрано ниво на ризик треба да ја определи областа на прифаќање и отфрлање на нултата хипотеза.За да биде точна нултата хипотеза, вредноста на проверениот параметар може да биде поголема, но не смее да биде помала од 4, па поради тоа, целокупната област се наоѓа на левата страна на распределбата.
Во нашиот пример, за избрано ниво на значајност, α=0,02, критичната вредост за zα= -2,05.При ризик α=0,02, најмалата вредност zα= -2,05, која сè уште може да се прифати како поддршка на нултата хипотеза.Оттаму, при статистиката на проверка , правилото на одлучување гласи:
Реализираната вредност на z изнесува -2,5.Бидејќи z < zα, односно -2,5 < -2,05, земјоделскиот стучњак ќе заклучи, односно ќе донесе одлука дека треба да се отфрли нултата хипотеза со ризик α=0,02.Тоа значи дека разликата меѓу и Mo е статистички значајна, а не случајна. Постапката при проверката на хипотезата која е формулирана во следниот облик:
Правилото на одлучување гласи:
Проверки на средината на нормална распределба: варијансата на популацијата е познатаВо разгледувањето на проверката на хипотезите истакнавме дека ако е отфрлена нултата хипотеза со користење на проверка со ниво на значајност α, тогаш веројатноста на грешка е позната.Во овој случај или одлуката е точка или сме направиле грешка од прв вид.Но ако не ја отфрлиме нултата хипотеза не ја знаеме веројатноста на грешка.Така имаме силен доказ да поддржиме одредена позиција како нултата и алтернативната хипотеза се избрани така што отфрлањето на нултата хипотеза и прифаќањето на алтернативната хипотеза води до поддршка на нашата одредена позиција.Ова ќе го демонстрираме со следниот пример: Претпоставете дека индустриските прописи пропишуваат дека ако средната тежина на пакувањето на популацијата е 16,1 унци или помалку за популацијата на пакување со тежина на етикетата од 16 унци, тогаш производителот ќе биде тужен.Тука наша цел е да се добие силен доказ дека средната тежина на пакувањето М е поголема од 16,1 унци.
Ако α е веројатноста на грешка од прв вид и z е толку големо што P(Z ≤ z)=α, тогаш за да се проверува нултата хипотеза, го користиме правилото на одлучување: Се отфрла Ho ако - Мо/σx > zα Следува дека веројатноста на нултата хипотеза, кога таа е точна е нивото на значајност α. Се отфрла Ho ако > xc = Мо + zασ/√n Вредноста xc се нарекува критична вредност за одлуката. Претпоставете дека за овој проблем стандардното отстапување е σ=0,4 и дека обезбедуваме случаен примерок со големина од 25.За проверкаta на едностраната хипотеза со ниво на значајност α= 0,05, вредноста zα = 1,645 се добива од таблицата за стандардизирана нормална распределба.Во овој случај нашето правило на одлучување е : Се отфрла Ho ако > zα Ако се отфрла нултата хипотеза, тогаш ја прифаќаме алтернативната, дека средната тежина е поголема од 16,1 унци со веројатност на грешка од прв вид од 0,05 или помала.Ова обезбедува силен доказ за поддршка на нашиот заклучок, но неможноста да се отфрли нултата хипотеза не води до заклучок дека или Ho е точна или избраната постапка не била доволно чувствителна за да ја отфрли Ho. Да застанеме со цел да согледаме што се подразбира под отфрлање на Ho.Во проблемот со кутиии со житарици, хипотезата дека средината на популацијата е 16,1 би била отфрлена со ниво на значајност α= 0,05 ако
> 16,232.
Проверки на средината на нормална распределба: варијансата на популацијата е непознатаДаден ни е случаен примерок од n набљудувања од нормална популација со средина M.Со користењето на примерокот и стандардното отстапување σ, респективно, може да ги користиме следниве проверки со ниво на значајност α.Бидејќи варијансата не е позната мора да користиме проверки засновани на Студентовата t-распределба. Оваа распределба зависи од степените на слобода.Освен тоа, тој се приближува кон нормалната распределба со зголемување на бројот на степени на слобода. 1.За се проверува или Ho
2.За се проверува или Ho
Поврзано
Надворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia