Економија на БугаријаБугарија е поранешна земја во транзиција и сегашна членка на Европската Унија. ![]() Економска историјаСо пропаѓањето на комунистичкиот режим, пропаднал целиот економски систем на земјата.[1] Во почетокот на 1990-те години, услужните дејности имале удел од 25 %, исто колку и земјоделството, а индустријата учествувала во вкупното стопанство со 60%. Триесет години подоцна, услужните дејности зафаќале околу 60% од вкупната економија, 10% отпаѓало на земјоделство, а околу 30% на индустријата.[2] Индустрискиот раст е 7% (2005).[3] При приватизацијата и преструктуирањето на претпријатијата имало големи отпуштања на работниците, а како резултат на тоа се зголемила невработеноста, која во одредени периоди достигнала и до 19%. ![]() Основни економски показателиЕкономскиот пораст за 2007 година изнесувал 6,2%.[4] Бруто-домашниот производ во 2007 изнесувал 28,9 билиони евра,[5] односно БДП по глава на жител изнесувал 3 753,5 евро.[5] Странските инвестиции во 2007 достигнале 5,5 милијарди евра.[6] Според Евростат, минималната плата во Бугарија изнесува 135 евра, што е најмалку во ЕУ.[7] Општи информации![]()
Биланс на меѓународните плаќања
Надворешна трговијаДо 1989 година, Бугарија најмногу тргувала со поранешниот Советски Сојуз (80%) и со другите членки на Источниот блок, а многу малку со Европската унија (2%). Денес, 50% од трговијата се одвива со Европската унија, 2,5% со САД, а останатиот дел со другите земји. СообраќајПоради својата географска положба, Бугарија е крстопат од речни (по Дунав), морски (Црно Море) и копнени патишта, со што има големи можности во развојот на меѓународниот товарен и патнички сообраќај, како и во другите услужни дејности. Инфраструктура
Туризам![]() Најголемите позитивни движења Бугарија ги бележи во развојот на туристичкото стопанство, кое станува една од најзначајните стопански гранки и двигател на целокупниот стопански развој на земјата. Бугарија има можности за развој на сите видови туризам, но најразвиени се морскиот (летен) и зимскиот туризам. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia