Екстремова Ледена Плоча![]() Екстремова Ледена Плоча (норвешки: Ekströmisen, англиски: Ekström Ice Shelf) — ледена плоча на Антарктикот помеѓу сртовите Серосен и Халвфариген на Брегот на Принцезата Марта во Земјата на Кралицата Мод. За првпат е искартирана од Норвешко-британско-шведската антарктичка експедиција (1949–1952). Наречен по машинскиот инженер Бертил Екстрем кој се удавил кога неговиот гасеничар паднал во морето од Кваровата Ледена Плоча на 24 февруари 1951 г.[1] Плочата зафаќа површина од 8.700 км2. Работ има дебелина од 160 м и се издига 15 м над морското ниво. Североисточно на заливот Атка се наоѓа германската поларна станица „Нојмајер III“. ПоврзаноИзвори
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia