Електролуминисценција

Електролуминисцентна ноќна светилка (користи 0,08 W на 230 V и датира од 1960 година; пречникот ѝ изнесува 59mm)

Електролуминисценцијата се дефинира како оптичко-електрична појава кај кого се забележува емисија на светлина од одреден материјал како одговор на електричната струја што минува низ него или како резултат на влијанието на силно електрично поле.

Електролуминисценцијата е резултат на рекомбинацијата на електроните и празните простори во материјалот (кој, по обичај, е полупроводник). Возбудените електрони ја ослободуваат својата енергија во вид на фотонисветлина.

Материјали кои се користат при предизвикувањето на електролуминисценција има многу, но како најтипични меѓу нив се издвојуваат следниве:

  • Цинк сулфидот допингуван со одредена количина на бакар или на сребро
  • Природниот син дијамант (кој е смеса на јаглерод и бор; може да се користи и било кој вид на дијамант со борот како допингувач)
  • Полуспроводниците кои се резултат на сврзување на елементи од III и V група: InP, GaAs и GaN.

Поврзано

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya