Елемент (математика)Елемент или член — некоја единица или предмет од каквишто се состои едно множество. МножестваАко запишеме A = {1, 2, 3, 4 }, ова значи дека елементите на множеството A се броевите 1, 2, 3 и 4. Множествата од елементи на A, на пр. {1, 2} се подмножества на A. Самите множества можат да бидат елементи. На пример, имаме множество B = {1, 2, {3, 4}}. Елементите на B не се 1, 2, 3 и 4, туку B има само три елемента: 1, 2 и множеството {3, 4}. Елемент на едно множество може да биде било што. На пример, C = { црвена, зелена, сина } е множеството чиишто елементи се боите црвена, зелена и сина. Множеството без ниеден елемент се нарекува празно множество (се запишува со „{}“ или „“).[1] Запишување и терминологијаРелацијата „е елемент на“ се нарекува и членство во множество и се означува со симболот ∈. Запишувајќи вака: велиме дека „x е елемент на A“. Истоветни изрази се: „x е член на A“, „x припаѓа на A“, „ е во A“ и „x лежи во A“. Во употреба се и изразите „A го содржи x“ и „A го вклучува x“, но некои автори ги користат со значење „x е подмножество на A“.[2] Наредбата за овој симбол во означувачкиот јазик LaTeX е „\in“. Негацијата на членството во едно множество се означува со ∉. Кардиналност кај множествата![]() Бројот на елементи во дадено множество е својство наречено кардиналност (неформално речено, големина на множеството). Во горенаведениве примери, кардиналноста на множеството A изнесува 4, додека кардиналноста на множеството B и множеството C изнесува 3. Бесконечно множество е множество со бесконечен број на елементи, додека конечното множество има извесен (конечен) број на елементи. Горенаведените множества се примери за конечни множества. Пример за бесконечно множество е множеството на природни броеви, N = { 1, 2, 3, 4, ...}. ПримериЗемајќи ги гореопределените множества:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia