Елена Ливриниќ
Елена Ливриниќ (родена на 16 ноември 1994 г., во Скопје) е македонска ракометарка која игра на позицијата лев бек за Глорија Бузау и за македонската репрезентација.[1] КариераКлупска кариераЛивриниќ започнала да игра ракомет на возраст од само 8 години во екипата на Кометал Ѓорче Петров.[1] По распуштањето на клубот во 2011 година, таа се преселила во Металург, каде останала до 2016 година. Со Металург, Ливриниќ одиграла три сезони во Купот на ЕХФ, но успеале најдалеку да стигнат само до 3. коло, во 2015 и 2016 година.[2] Во 2016 година Ливриниќ ја започнала својата прва авантура во странство потпишувајќи за екипата на Данубиус Галац во јуни 2016 година.[3][4] Во летото 2018 година, откако Данубиус Галац бил преземен од ЧСМ Галац, таа продолжила во ЧСМ Галац.[5][6][7] Во сезоната 2018-2019, Ливриниќ постигнала 110 гола во првенството на Романија и била во топ 10 на списокот на стрелците. Сепак, откако ЧСМ Галац испаднал од Лига Национала на крајот на сезоната, Ливриниќ потпишала за Рапид Букурешт.[8] Сепак, по само една сезона во дресот на Рапид, која дури и не била завршена заради пандемијата на COVID-19, Ливриниќ најавила дека ќе си замине од клубот од главниот град на Романија. Во мај 2020, таа потпишала договор со уште една романска екипа, Глорија Бузау.[9] Репрезентативна кариераЛивриниќ играла за македонската кадетска репрезентација, а во 2014 година за првпат била повикана во сениорската репрезентација. Оттогаш играла во квалификациските циклуси за Европските првенства 2016, 2018 и 2020 и за Светските првенства 2017 и 2019. Статистика
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia