Европска ракометна федерација

Европска ракометна федерација
Лого на федерацијата
Основана1991
Видспортска организација
СедиштеВиена, Австрија
Членство50 членки
Службени јазицианглиски
Ген. секретарМихаел Видерер
Мреж. местоeurohandball.com

Европска ракометна федерација (англиски: European Handball Federation, EHF или ЕХФ) — раководен орган на ракометот во Европа. Основана е во 1991 г. со седиште во Виена, Австрија и брои 50 федерации-членки и две вонредни федерации (Англија и Шкотска). Тековен претседател е Жан Брио (на служба до 2016 г), а генерален секретар е Михаел Видерер.

Историјат

ЕХФ е основана на 17 ноември 1991 г. во Берлин, Германија, но на првиот собир одржан на 5 јуни 1992 г. е одлучено седиштето на организацијата да биде во Виена, Австрија со почеток од 1 септември истата година. Во 2012 г. федерацијата одбележала јубилејни 20 години од своето постоење.[1] Во прво време во неа членувале 29 земји, но денес тој број се има накачено на 49 земји. Федерацијата ги застапува своите членови и во развојот на спортот — како за препознавање надарени играчи, така и деловниот развој на спортот. Најголеми извори на приходи за ЕХФ се првенствата кои ги организира, додека пак за најпривлечни за нови играчи и љубители се сметаат училишните ракометни натпревари и ракометот на песок.

Првенства

Европски првенства
Машки клупски турнири
Женски клупски турнири

Прваци

Турнир Мажи Жени Јуниори (М) Јуниори (Ж) Младинци (М) Младинци (Ж)
Европско првенство  Франција (2014)  Норвешка (2014)  Германија (2014)  Русија (2013)  Франција (2014)  Шведска (2013)
Ракомет на песок Мажи Жени
Ракомет на песок  Хрватска (2013)  Унгарија (2013)

Членки

Вонредни федерации

Поврзано

Наводи

  1. „ЕХФ ја прослави 20-годишнината во Виена“. Европска ракометна федерација. Посетено на 1 септември 2012. (англиски)

Надворешни врски


Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya