Елизабета Ѓоргиевска
Елизабета Ѓоргиевска (р. 6 мај 1972)[1] — македонски лекар и универзитетски професор, сопруга на петтиот македонски претседател Стево Пендаровски и Прва дама на Македонија. Со претседателот Пендаровски го имаат синот Огнен. ЖивотописЕлизабета Ѓоргиевска е редовен професор на Стоматолошкиот факултет во Скопје и раководител на Катедрата за детска и превентивна стоматологија.[2] Таа е магистер и специјалист по педијатриска и превентивна стоматологија од 2002 година, а од 2006 година е доктор на науки. Има остварено неколку истражувачки посети на универзитети во Велика Британија, Белгија и САД, а исто така работела на неколку меѓународни истражувачки проекти. Има објавено повеќе од 90 трудови. Била член на организациските и научни комитети на неколку национални и меѓународни симпозиуми и конференции. Држела предавања и работилници на научни конференции во Северна Македонија и во странство. Автор е на 2 и соавтор на 3 монографии. Во периодот, 2010-2014 година беше претседател на Македонското здружение по детска и превентивна стоматологија. Таа е членка на MDA, FDI, IAPD, UKSB и визитинг професор на Универзитетот Колумбија, Њујорк, САД. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia