Елизабета Шелева
Елизабета Шелева (р. 1961 во Охрид) — македонска литературна критичарка и теоретичарка, како и универзитетска професорка на Катедрата по компаративна литература на Филолошкиот факултет во Скопје.[1] ЖивотописДипломирала на Катедрата за компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Магистрирала на Филолошкиот факултет во Белград на тема „Типолошките модели на македонската книжевна критика“. Докторирала на истиот факултет во 1998 година со темата „Од дијалогизмот до интертекстуалноста (од Михаил Бахтин до постструктурната критика“). Шелева е професорка по Теорија и методологија на проучувањето на книжевноста на Катедрата за Општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје. Во своите критички и теоретски есеи, Шелева го применува поструктуралистичкиот метод во анализата на литературата, театарот, филмот, стрипот, ликовните уметности, фолклорот и кичот, комбинирајќи ја компаратистиката со културните студии, родовите студии, постколонијалната теорија и сл. Членка е на Независните писатели на Македонија и на Македонскиот ПЕН Центар. ТворештвоАвторка е на преку 120 трудови и 7 книги од областа на книжевната критика и теорија:
Преводи:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia