Елова зеленушка
Еловата зеленушка (науч. Carduelis spinus) е мала врапчевидна птица од семејството на ѕвингалките (Fringillidae). Тоа е честа птица низ Европа и Азија, вклучувајќи ја и Македонија, која живее во шумите, иглолисните и мешаните, а се храни со семиња од сите видови, особено со оние од евлите и четинарите. Се разликува од останатите слични ѕвингалки по бојата на перјето. Горните делови му се сивкавозелени, а долните сивкави со бели линии. Крилјата му се црни со јасна жолта линија, а опашката црна со жолти краеви. Овие птици имаат необичен стил на преселба, па по неколку години одат сè понајуг. Причината за ова не е позната, но може да е поради промената на климатските услови и изворите на храна. Таксономија и систематизацијаОваа птица за првпат е опишана од Linnaeus 1758 како Fringilla spinus, во неговата Systema naturae.[2] Додека, пак, 1760, Brisson го опишал родот Carduelis, каде конечно е сместен овој вид. Иако птицата е широкораспространета, сепак, видот е монотипичен, што значи дека нема издвоени подвидови. ОписЕловата зеленушка е мала птица со кратка опашка. Во должина има 11-12.5 см, распон на крилјата 20-23 см и тежи 10-18 грама.[3] Има полов диморфизам, односно мажјаците се разликуваат од женките. Тие се со сивкавозелен грб, жолто над опашката, од страните на опашката, а краевите се црни; крилјата се црни со впечатлива жолта линија; градите се жолтеникави и стануваат побелкави кон задникот; има црно лигавче, на главата има две жолти дамки кај ушите и црна капа.[4] Големината на црното лигавче е различна и се верува дека има врска со доминацијата во јатото. Перјето на женките е помаслинава боја отколку на мажјаците. Капата и дамките кај ушите се зеленкави и има бело лигавче и бело над опашката кое е со жолтеникави линии. Младенчињата се слични со женките, со покремави нијанси. Клунот му е цврст, но и тенок, за да може да ги собира и крши семињата со кои се храни. Нозете му се темнокафеави, а очите црни. Летот на еловата зеленушка е брз и разигран, сличен на останатите ѕвингалки.[5] Оваа птица има два повика, двата се моќни, но спротивставени, еден оди надолу, а другиот надолу - тилу и тлуи. Понекогаш, исто така, се огласуваат со грубо растреперено чирруп[4]. Пеењето е слично на другите ѕвингалки, течно, брзо, долготрајно вибрирање повремено прекинувано со посилна и куса нота. Пеат во текот на целата година и често во групи. [4] Поведение![]() Еловата зеленушка е птица која не останува долго во една област, туку го менува местото каде се размножува, се храни и презимува. На неколку години при преселбата оди понајуг во голем број, па популацијата што зимува на Пиринејскиот Полуостров значително се зголеми.[4] ![]() Живеалиштето на оваа птица се шумските повлажни предели.[4] Тие се многу активни и социјални птици кои формираат мали цврсти јата, особено наесен и зиме. Доста се доверливи кон луѓето што овозможува да се набљудуваат од блиску, но во сезоната на парење се кријат и осамуваат. Ова е еден од ретките видови каде среќаваме поведение со доминантни членови на кои останатите (од ист пол) им носат храна,[6] што создава цврстина на јатото и хиерархиска структура на групата.[7] ИсхранаЕловата зеленушка се храни со семиња од растенија, но исхраната варира од местото и времето.[5] Почесто се храни на дрвјата отколку на земја. Наесен и зиме исхраната се заснова на семето на листопадните дрвја како што се брезите и пред сè евлите. Исто така, се хранат на обработливите површини и пасиштата со семињата на глуварчињата, киселецот и сл. Напролет, за време на сезоната на парење тие се наоѓаат во зимзелените шуми. Во тоа време нивната исхрана се заснова на семето на овие дрвја, а, исто така, се хранат со семињата од брест и топола. Кога ги хранат младите јадат повеќе инсекти.[8] Размножување![]() Паровите обично се формираат за време на зимата пред преселбата.[9] Мажјаците агресивно се натпреваруваат за женките. Како дел од додворувањето, мажјаците ги надувуваат пердувите на телото, така изгледајќи поголеми, ја испружуваат опашката, постојано пеат[8][10] и прелетуваат од дрво на дрво. Гнездото го градат на крајот од висока гранка на иглолисното дрво каде е скриено и тешко може да се види. Формираат мали колонии од над шест пара со гнезда сместени близу едно до друго.[7] Гнездото е мало, во облик на чашка, направено од гранчиња, тревки, мов и лишаи одозгора, а внатре послано со меки пердувчиња.[8] Женката несе 2-6 јајца, белкави со мали кафеавкави точки. Инкубацијата трае 10-14 дена која ја извршува само женката. Пилињата нецелосно оперјени по 15 дена почнуваат да го напуштаат гнездото. Речиси цел месец се близу до гнездото додека сосема не се здобијат со перје, а потоа одлетуваат.[8] Често имаат и второ легло, од средината на јуни до средината на јули. СтатусСветската популација на овие птици е околу 20 до 36 милиони,[11] а европската меѓу 2.7 и 15 милиони парови.[12] Според Црвениот список на МСЗП нивниот број не е во опаѓање и се смета за вид со најмала загриженост од изумирање.[1] Односи со луѓетоКако и многу други ѕвингалки и оваа се чува како милениче. Не бара посебни услови и лесно се адаптира во заробеништво, но потешко се спарува.[13] Вака, може да живеат 11-14 години, за разлика од птиците во дивина кои имаат многу краток животен век од 2 до 3 години.[5] Полска, Гибралтар, Бенин и Белгија имаат издадено поштенски марки со слика на елова зеленушка.[14] Во Санкт Петербург има статуа на оваа птица, а боите ѝ се исти со униформите на учениците од елитно училиште во градот. Нив ги нарекуваат „чиж“ (елова зеленушка).[15] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia