Ел Алто
Ел Алто (шпански за „висок“, „височина“) е град и општина во Боливија. Градот се наоѓа во департманот Ла Пас, на висорамнината Алтиплано. Градот е дел од метрополитенската област Ла Пас. Денес тој е е еден од најбро растечките градови во државата со население од 1.184.942 жители во 2010 година, што го прави втор по големина во државата.[1] На пописот од 2001 година градот имал 647.350 жители. ОсобеностиЕл Алто се наоѓа на надморска височина од 4.070 метри и тоа го прави еден од највисоките позначајни градови во светот. Во градот преовладува ладната клима, која достигнува до 17 степени во летниот период. Поради трендот на миграција село-град во Боливија, Ел Алто станал еден од најбрзо растечките градови во Боливија. Ел Алто е еден од најголемите градови во Латинска Америка каде има бројно староседелско население. Се проценува дека околу 76% од населението на градот се Ајмари, 9% се Кечуани, 15% се мешани и околу 1% се белци. Наводи
Дополнителни информации
ПоврзаноНадворешни врски
16°31′S 68°10′W / 16.517°S 68.167°W
|
Portal di Ensiklopedia Dunia