Санта Крус де ла Сиера
Санта Крус де ла Сиера (шпански: Santa Cruz de la Sierra), често именуван како Санта Крус, е најголем град во Боливија и главен град на департманот Санта Крус.[1] Градот се наоѓа на реката Пирај во источна Боливија и градот е дом на 70% од населението на департманот.[3] Санта Крус е најбрзо растечки град во светот.[4] Градот бил основан во 1561 година од шпанскиот истражувач Њуфло де Чавес на околу 200 км од сегашната местоположба на градот. Низ историјата градот се изместувал неколкупати сè додека не бил конечно изграден на сегашната положба во 16 век. Во голем дел од историјата на Санта Крус, градот бил мал и власта не обрнувала внимание за развојот на Санта Крус. По Втората светска војна со развојот на земјоделството градот забележал забрзан развој. Денес, градот е најнаселен, а департманот Санта Крус е втор најнаселен департман во државата. Градот станал најзначаен трговски центар во земјата и е одредиште на голем број доселеници.[5] Географија и климаСанта Крус се наоѓа во источна Боливија на 416 метри надморска височина. Санта Крус е главен град на истиомениот департман и се наоѓа во покраината Андрес Ибањес. Градот има тропска клима со просечни годишни врнежи од 23 степени целзиусови. Иако општо гледано времето е суво, периодично има појава на постудени ветришта кои доаѓаат од Аргентина. Најмногу врнежи на дожд има во јануари и февруари
ДемографијаПрвично, градот бил населен од шпански доселеници, но и Гварани кои дошле од Парагвај. Во градот имало и работници од фламанско, португалско, германски и италијанско потекло.[6] Меѓу првите доселеници имало и Евреи[7] кои подоцна го примиле христијанството. Збратимени градовиНаводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia