Емилија Тодорова
Емилија Тодорова — македонска и австралиска поетеса и прозаистка. ЖивотописЕмилија Тодорова, родена во Скопје, од 1989 г. живее во Сиднеј, Австралија, каде што работела на извршни и сениорски лидерски позиции во федералниот јавен сектор со одговорности кои, меѓудругото, опфаќале: стратешко деловно планирање и управување со промени; управување со човечки, финансиски и физички ресурси; обука на лидери и кадровски развој; развој на организациската култура; раководење со односите со релевантните чинители во јавниот, невладиниот и приватниот сектор; услуги и ангажирање на заедниците на Првите народи (домородното население) и на мултикултурните заедници; подобрување на услугите и искуството на клиентите, министерска и омбудсманска кореспонденција и управување со вонредни состојби. Паралелно со нејзината примарна професија во јавниот сектор, неколку години била ангажирана и на Катедрата за современи јазици на Универзитетот Маквори и како двојазичен консултант. Презентирала на повеќе национални и меѓународни конференции, меѓу кои и Меѓународната конференција за ангажман на заедницата (Бризбејн 2006), Националната конференција за бездомништво (Сиднеј 2006), Националната конференција за социјално претприемништво (Мелбурн 2005), ХII Светски фестивал на младината и студентите (Москва 1985), I Фестивал на младината на Медитеранот (Валенсија 1982) и т.н. За исклучителни достигнувања во својата кариера добитник е на повеќе австралиски признанија. ТворештвоСо новинарско и креативно пишување се занимавала уште пред заминувањето од Македонија. Соработувала со „Студентски збор“ и Третата програма на Радио Скопје, а била и еден од основачите и заменик-уредник на младинското списание за популарна наука „Активус“. Учествувала на поголем број поетски манифестации во Македонија и поранешна Југославија, меѓу кои и „Млада Струга“, „Мајски поетски средби“, „Горданино пролеќе“, „Бранково коло“ и т.н. Наградувана е повеќепати за поезија и кратки книжевни форми во поранешна Југославија, Македонија, Австралија и САД. Објавувала песни во весници и периодика („Омладинске новине", "Повод", "Стремеж", "Балкански книжевен гласник", „Везилка“ и т.н.), а застапена е и во неколку македонски и меѓународни поетски избори и антологии. Активно твори на македонски и англиски јазик. Преведува од англиски, српски и бугарски јазик. Награди и признанија
Застапена е во следните книги:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia