Земја на Кралицата Елизабета
Земја на Кралицата Елизабета (англиски: Queen Elizabeth Land) — дел од Антарктикот, дел од Британската Антарктичка Територија, најголемата од 14-те британски прекуморски територии. Сместен е јужно од Веделовото Море и меѓу меридијаните 20° ЗГД and 80° ЗГД, протегајќи се од Филхнер-Ронеовата Ледена Плоча до Јужниот Пол.[1] Границата со Зумбержовиот Брег од Елсвортовата Земја на запад и северозапад е ракавот Херкулес. На североисток, напоредникот 82° ЈГШ ја дели оваа земја со Коутсоваta Земја. Подрајчето на Земјата на Кралицата Елизабета било безимено сè до 2012 г. Најголемиот дел од него неофицијално се нарекувал „Земја на Едит Роне“ од 1947 до 1968 г.[2] Во ова подрачје има територии на кои полагаат право Обединетото Кралство, Чиле и Аргентина. Историја![]() Во 2012 г. решено е дека подрачје од 437.000 км2 од Британската Антарктичка Територија го добива името „Земја на Кралицата Елизабета“ во чест на кралицата Елизабета II, а по повод нејзиниот дијамантски јубилеј.[3] Оваа антакритчка земја е речиси двојно поголема од Обединетото Кралство[3] и претставува триаголен отсечок на Антарктикот со едно теме во Јужниот Пол. На север се граничи со Филхнер-Ронеовата Ледена Плоча, на североисток со Коутсовата Земја, на исток со Земјата на Кралицата Мод и на западната страна се протега по линија помеѓу Јужниот Пол и Ратфордовата Ледена Струја, источно од ракавот Констелејшен.[4][5][6] Венецот Пенсакола, откриен во јануари 1956 г. се протега во должина од 450 км во правец североисток-југозапад долж средиштето на територијата.[7] Името фигурира на сите британски карти.[8] Земјата на Кралицата Елизабета е втора област на Антарктикот наречена по оваа личност. Прват ае Земјата на Принцезата Елизабета, сместена од другата страна на континентот, во Австралиската Антарктичка Територија, именувана во 1931 г. во нејзина чест, кога била принцеза. РеакцијаАргентина, чија претензија наречена Аргентински Антарктик има преклоп со Британската, го осудила чинот на именување на земјата, нарекувајќи го „систематски напад“ и „провокација“ како продолжение на тензиите за надлежноста врз Фолкландските Острови, кои се британска прекуморска територија.[9] ПоврзаноБелешки
|
Portal di Ensiklopedia Dunia