Еребица камењарка
![]() ![]() Еребицата камењарка (Alectoris graeca) е од семејството на фазаните, редот на кокошковидните. Распространета е во југозападниот дел на Азија и југоисточна Европа. Еребицата камењарка ја има и во Македонија. ОписЕребицата камењарка има округол облик, а боите ѝ се слични на боите на камењата. Претежно е сива, со светлокафеав грб, сиви гради и кремава боја на стомакот. Лицето ѝ е бело со црни линии, а на крилјата има коцкести шарки. Нозете ѝ се црвени. Кога ќе се вознемири, таа претопчита да трча повеќе отколку да лета, но ако е неопходно ќе прелета кратко растојание. Има должина до 36 см, а распонот на крилјата може да ѝ достигне до 60 см. [2] Живеалиште и размножувањеОваа еребица живее на суви и отворени места, често во ридест предел. Создава мали јата и не е птица преселница. По острите и бучни звуци, како „га-га-га-га-чакара-чакара-чакара“, се разликува од сличните на неа птици. Гнездото го прави на земја, едвај постилајќи некое гранче, и несе од 5 до 21 јајце. Се храни со разни семиња и инсекти. СтатусОвој вид е во опаѓање во делови од нејзиниот опсег што се должи на загубата на живеалиштата и на претераниот лов. И покрај тоа што генерално успева да се одржи како вид, статусот на Сицилија заслужува внимание. СистематизацијаИма три подвида (McGowan 1994), кои се разликуваат претежно во боите, но и според молекуларните студии (Randi 2006):
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia