Ерменска Висорамнина
Ерменска Висорамнина (ерменски: Հայկական լեռնաշխարհ, Хајкакан лернашхарх) — планинско подрачје на северот на западна Азија и највисока од трите висорамнини во регионот.[1] На запад се граничи со Анадолската Висорамнина што постепено се издига од низинското крајбрежје на Егејското Море на просечна висина од 910 м.[1] Во Ерменија, висорамнината нагло се искачува од 900 на 2.000 м во просек.[1] На југоисток се граничи со Иранската Висорамнина, каде надморската височина набргу се спушта на 600-1.500 м.[1] Во антиката подрачјето се нарекувало Голема Ерменија и имало важна улога во развојот на ерменската цивилизација и претставува една од трите геополитички области на ерменскиот народ (другите две се Мала Ерменија и Софена). Во средниот век на висорамнината се доселиле туркиски народи во мошне голем број. Поради ова го добила и името Туркоманија. Низ историјата, на висорамнината живееле повеќе разни народи како Хуроурарти, Ерменци, Грузијци, Асирците, Курди, Персијци, Грци, Арапи, Турци и Монголци. Христијанското население во западната половина на подрачјето е истребено со Ерменскиот геноцид во почетокот на XX век. Денес најбројни народи се Ерменците, Азерите, Грузијците, Курдите и Турците. ГеографијаВисорамнината зафаќа површина од 400.000 км2.[2] Во подалечното минато ова било сеизмички активно подрачје,[3] чиј вулканизам создал големи релјефни образби и низа масиви. Тектонските движења создале предуслови за настанокот на трите најголеми езера — Севан, Ван и Урмија.[4] Од тие причини, висорамнината изобилува со вода.[5] Најголемиот дел од висорамнината денес се наоѓа во турската област Источна Анадолија, но опфаќа и делови во северозападен Иран, цела Ерменија и западните краишта на Азербејџан.[2] Западните делови на висорамнината го сочинуваат масивот Мал Кавказ, кој се смета за прататковина на Ерменците.[6] ИсторијаВо текот на периодот од 4000 до 1000 г. п.н.е., на висорамнината се произведувал метал и метални предмети, кои потоа се тргувале во соседните региони. Според преданијата, се смета за едно од можните места кајшто се наоѓа библиската Еденска градина.[7] Висорамнината е наречена и „епицентар на железното време“, бидејќи се смета дека тука за првпат се појавила металургијата (крај на II милениум п.н.е.).[8] Во раното железно време, висорамнината била под власта на кралството Урарту (Арарат). Земјата Арата опишана во епот „Гилгамеш“ одговара на денешната Ерменска Висорамнина.[9] Во текот на стариот и средниот, висорамнината престставувала јаболко на раздорот помеѓу големите држави како Византија и Османлиите, Персија и Арапите. Во XVI век подрачјето конечно потпаднало под отоманска власт, а во XIX век играло важна улога како граница помеѓу Отоманското и Руското царство. На почетокот на XX век, турскиот аскер го спровел познатиот Ерменски геноцид, збришувајќи огромен број на луѓе од висорамнината и преименувајќи го подрачјето во Источна Анадолија.[10] По распадот на царството, Ерменската Висорамнина претставувало тромеѓе помеѓу Турција, Иран и СССР, а по распадот на сојузот и помеѓу Ерменија, Грузија и Азербејџан.[9] ПоврзаноНаводи
39°17′1″N 43°22′19″E / 39.28361°N 43.37194°E
|
Portal di Ensiklopedia Dunia