Ернани (опера)
Ернани е оперска драма лирико во четири чина од Џузепе Верди по италијанско либрето од Франческо Марија Пјаве, заснована на драмата Ернани од 1830 година од Виктор Иго. Верди добил надомест од Театро Ла Фениче во Венеција за да напише опера, но изнаоѓањето на добра тематика потрајало одредено време.[1] Ернани била премиерно изведена на 9 март 1844 година и веднаш станала популарна.[1] Таа била најпопуларната опера на Верди, а по 1853 година тој епитет го презела операта Трубадур. Во 1904 година Ернани станала првата опера која била целосно снимена. Создавање на операта![]() По успехот со оперите Набуко и Ломбардијците, на Верди му пристапиле многу оперски компании кои сакале да напише опера за нивните куќи. Есента 1843 г., Верди започнал да работи на новата опера, Ернани, заснована на истоимената драма од Виктор Иго, за венецијанскиот театар Ла Фениче. Театарот на Верди му препорачал поетот Франческо Марија Пјаве да работи на либретото. Верди бил толку инспириран од драмата на Иго, така што тој самиот го подготвил планот на операта, го одредил списокот на оперски пејачи и развил посебни сцени. Така, задачата на Пјаве била ограничена само на пишување стихови за либретото. Операта била искомпонирана многу брзо, за околу еден месец. Овие напори на крајот се исплатиле: операта постигнала голем успех - била поставена во речиси сите театри во Италија. ![]() Улоги![]()
СинопсисЧин 1Планините во Арагон Ернани е заљубен во Елвира која треба да се омажи против своја волја со стариот Гомес де Силва (О tu che l'alma adora). Затоа бара од бандитите да ја киднапираат. Во одајата на Елвира Елвира е загрижена за бракот кој ѝ претстои (Сцена:„Сега тоне сонцето и Силва не се враќа“; Каватина: Ernani, Ernani involami/ „Ернани, Ернани, спаси ме“) додека слугите ѝ ги носат свадбените подароци на Силва. Таа повторно ја искажува својата љубов кон Ернани (Tutto sprezzo che d'Ernani). Влегува кралот Карлос, преправен во селанец, но Елвира го препознава и ја отфрла љубовта што тој ѝ ја нуди. Додека тој се обидува да употреби сила, таа дофаќа кама, но одеднаш Ернани пристигнува и го запира Карлос (Трио: „Пријател ти доаѓа на помош“). Карлос го препознава Ернани како водач на бандитите. Ернани одговара дека Карлос му ја одзел земјата и го натерал на бандитски живот. Додека го повикува на Карлос да се бори, се појавува Силва и го гледа Ернани (Infelice!... e tu credevi ... che mai vegg'io! / „Страшна глетка“; Каватина на Силва: „Несреќен човек! Мислевте дека прекрасново ... е твое“). Ернани сака да се бори со двајцата, но Рикардо тогаш го препознава кралот. Силва е ужаснат и му се извинува на кралот, а Ернани ѝ шепоти на Елвира да се подготви за бегство. Чин 2Сала во палатата на Силва ![]() Влегува Ернани маскиран како аџија. Силва го остава да преноќи, а потоа дознава дека Елвира верува дека Ернани е мртов. Ернани ѝ го открива својот вистински идентитет на Елвира а таа му кажува дека планира да се самоубие пред олтарот (Дует: Ah, morir potessi adesso / „Ах, кога би можел да умрам сега“). Во тој момент влегува Силва, го затекнува парот, но се согласува да го одржи зборот кон Ернани и да го заштити од кралот, за што Ернани вечно ќе му биде должен. (Трио: No, vendeta più tremenda). Пристигнува Карлос, а Силва одбива да го предаде Ернани (Арија на Карлос: Lo vedremo, veglio audace /„Ќе видиме, храбро старче“). Луѓето на Дон Карлос не можат да го најдат Ернани. Силва си го одржува зборот, дури и кога кралот ја зема Елвира како заложник. Силва го ослободува Ернани, а потоа го предизвикува на двобој. Ернани одбива да се бори, и се придружува на плановите на Силва да ја ослободи Елвира од кралот. Ернани дава завет дека ќе се појави на неговиот повик, без разлика каде се наоѓа во тоа време ( Odi il voto o grande Iddio / „О Боже, слушни го заветот“), Чин 3![]() Крај гробното место на Карло Велики во Ахен Карло го посетува гробот на императорот Карло Велики, во моментот кога делегати од соодветните земји бираат нов цар на Светото Римско Царство. Карлос решава да го промени својот живот ако биде крунисан (Каватина:Oh, de' verd'anni miei// „Ох, соништата и измамите на мојата младост“). Криејќи се зад гробот, слуша заговорници меѓу кои Силва и Ернани. Ернани се колне дека ќе го убие Карло. Заговорот е осуетен и влегуваат придружниците на Карлос, а заговорниците се затечени. Кралот повела да бидат погубени сите предавници. Ернани истапува, и вика дека тој не е разбојникот Ернани, туку Дон Хуан од Арагон, чија земја му била одземена. Елвира, која била донесена кај Карлос како неговата царица, моли милост за нејзиниот љубовник, а Карлос, чие расположение се променило, им простува на двајцата и ја става раката на Елвира во раката на Ернани. Чин 4Замокот Ернани Елвира и Ернани се штотуку венчани, и во тој момент Ернани запрепастен го слуша рогот. Пристигнува Силва и тивко му подава кама на Ернани. Ернани бара уште малку време за да „голтне од чашата на љубовта“ ( Ascolta, ascolta un detto ancor / „Слушај, само еден збор...“), но, Силва му вика дека е кукавица. Ернани го одржува заветот и се прободува во срце (Трио со Силва: È vano, o donna, il piangere, è vano / „Залудно ти е плачењето, жено“). Тој умира во прегратките на Елвира, велејќи ѝ да живее. НаводиНаводиНаведени извори
Други извори
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia