Еуростандард банка
ЕУРОСТАНДАРД Банка АД - Скопје — поранешна македонска универзална банка. Таа е овластена од Народна банка на Република Македонија за вршење платен промет во земјата и странство, депозитни активности во земјата и странство и кредитирање во земјата. Адресата на нејзиното седиште е ул. ”Никола Кљусев”, бр.2 - Мал ринг, 1000, Скопје, Република Македонија. ИсторијатЗапочнала со работа на 1 октомври 2001 година.[1] Во јануари 2014 година Еуростандард банка стана целосен сопственик на Поштенска Банка.[2] ЦелиСпоред зборовите на Николче Петкоски, претседател на Управниот одбор на банката, “следењето на модерните банкарски трендови, како и високите банкарски меѓународни стандарди коишто обезбедуваат сигурна законска и квалитетна услуга е нашиот основен мотив во работењето и доближувањето до потребите на граѓаните и компаниите.“ Во тие рамки, Зоран Николовски, член на управниот одбор, ги навел следниве цели на Еуростандард банка: “ЕУРОСТАНДАРД Банка АД Скопје е ориентирана кон клиентите, обезбедувајќи им современи дистрибутивни канали за производите и услугите, како што се експозитури и банкомати сместени на најфреквентните локации низ Македонија, поддршка за најраширените парични картички и обезебдување на најсовремени кредитни и депозитни производи. Целта на тимот којшто раководи со Банката е да им овозможи на физичките лица, семејствата, малите и средни бизниси, но и корпоративните клиенти, сигурност и висока осетливост на сите нивни потреби. Јасната определба на менаџментот, но и на вработените во Банката, секојдневно да пронаоѓаат решенија кои ќе бидат одговор на потребите на нашите ценети клиенти е нашата најголема предност во опслужувањето и работата со клиентите. Нашата сила лежи во професионалниот и искусен кадар кој работи стручно, посветено и во согласност со принципите на приватност и доверливост, а сè со цел да обезбедиме најдобра финансиска услуга на пазарот.“ [3] МисијаМисијата на Еуростандард банка АД Скопје е "целосно да се искористат сите расположливи извори во организацијата, за континуиран напредок на работењето, во сите негови сегменти, почнувајќи од човечкиот капитал, до технологијата, но и оптимизирање на ефикасноста во деловни процеси".[4] Органи на банкатаУправниот одбор на Еуростандард банка го сочинуваат:
Членови на надзорниот одбор се:
Одборот за ревизија го сочинуваат:
Акционери на банкатаКапиталот на Еуростандард банка АД е во рацете на два акционера:[5]
Организациска структура
Финансиски показателиВрз основа на ревидираните финансиски извештаи, подготвени во согласност со Методологијата пропишана од Народната банка на Република Македонија, во текот на 2012 година,ЕУРОСТАНДАРД Банка ги остварила следниве финансиски резултати од работењето:[7]
Истовремено, на 31 декември 2012 година,ЕУРОСТАНДАРД Банка ги имала следниве средства, обврски и капитал:[7]
Со состојба на 31 декември 2012 година, поважните показатели за акциите на ЕУРОСТАНДАРД Банка биле следниве:
Извори
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia