Ова е статија за железничка станица. Статијата за истоименото археолошко наоѓалиште се наоѓа тука.
|
---|
 Поглед на железничката станица со колосеците |
Општи информации |
---|
Стопанисувач | Македонски железници |
---|
Линии | 6903: Скопје - Кичево (Коридор 8) |
---|
Растојание | 81,5 km (од Скопје) |
---|
Перони | 2 |
---|
Колосеци | 6 |
---|
ЖС „Гостивар“ — железничка станица во градот Гостивар. Се наоѓа на пругата Скопје - Кичево, односно на меѓународниот железнички коридор 8 на линијата која треба да ги поврзува Македонија и Албанија. Таа е 7. станица и 14. постојка на овие пруги. Железничката станица е сместена на самиот источен крај на градот Гостивар, непосредно на левиот брег на реката Вардар. Нејзината оддалеченост од главната станица во Скопје изнесува 81,5 километри[1]. Поседува 6 неелектрифицирани колосеци од кои 4 во редовна и 2 за сервисна употреба, како и 2 перони за патници. Шините од индустрискиот колосек кој од станицата водел кон фабриката „Силика“ во градското подрачје на еден дел се демонтирани, при што тој е надвор од секаква употреба. На неа сообраќаат патничките возови за Скопје и Кичево, а поретко минуваат и товарни возови. Станицата е најмногу користена од жителите на Гостивар најбилиските околни села и соседни градови, од ученици, студенти, пензионери кои патуваат на настава или пазар во Тетово, Кичево и Скопје, а во пролетниот и летниот период станицата често се користи и од велосипедисти кои одат кон Маврово и Шар Планина.
Возен ред
Галерија
Наводи