Возниот ред е определен согласно Изводот на возниот ред објавен од страна на Македонски железници за периодот од 12 декември 2010 година до 10 декември 2011 година. [4]
Возниот ред е определен согласно Изводот на возниот ред објавен од страна на Македонски железници за периодот од 12 декември 2010 година до 10 декември 2011 година. [4]
Извештај за состојбата на железничките линии во Македонија во 1930 г.
Првата железница на територијата на Република Македонија е од времето на Османлиското Царство. На 9 август1873 година со железница биле поврзани Скопје и Солун. Оваа железничка врска, која во 1874 година е продолжена до Косовска Митровица, е именувана Македонски железници.[5] На 14 јуни 1894 година Солун е поврзан и со Битола.[5] На 20 октомври 1924 година завршена е делницата Велес-Штип и првиот влез влегува на станицата во Штип.[5]
Пругата, пак, Велес – Битола е предадена во сообраќај на 20 јануари 1936 година.[6]
Во февруари 2015 година, „Македонски железници“ се модернизирале со 107 нови транспортни вагони, како дел од проектот за набавка на 150 вагони, реализиран од страна на македонската влада.[7]
Македонски железници, повеќепати го менувалe името од своето формирање како железничко претпријатие во 1945 година:
1945 Државна дирекција за железници – Скопје во рамки на сојузната југословенска управа
1963 Железничко транспортно претпријатие – Скопје
1977 Железничкa транспортна организација – Скопје
1989 Јавно претпријатие Македонски железници – Скопје
2007 Јавно претпријатие за железничка инфраструктура Македонски железници – Скопје
2007 Акционерско друштво за транспорт Македонски железници Транспорт – Скопје
Наводи
↑„Железничка мрежа“. Македонски железници - Инфраструктура. Посетено на 22 јануари 2021.
↑ 4,04,14,2[1] Официјална веб страна на Македонски железници, Извод од возен ред Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „МЖ Возен ред, 13122009-11122010“ е зададен повеќепати со различна содржина.