ЖС „Драчево“
Железничка станица „Драчево“ — железничка станица на железничкиот коридор 10 во населбата Драчево, во југоисточниот дел на градот Скопје, во Македонија. Таа е трета по ред железничка станица на пругата Скопје - Велес и меѓународниот железнички коридор 10 Скопје - Гевгелија - Солун. Оваа станица претставува распатница бидејќи на нејзе се надоврзува кракот од скопскиот железнички јазол (обиколница) кој директно ги поврзува пругите Скопје - Гевгелија - Солун и Скопје - Куманово - Белград. Нејзината оддалеченост од главната станица во Скопје изнесува 12,2 километри. На оваа станица најчести патници се жителите на Драчево и работниците во околните фабрики и производствени погони. Станичната зграда е со типична архитектура за железнички објекти од крајот на XIX и почетокот на XX и поседува затворена чекална. На железничката станица Драчево, сообраќаат и застануваат патничките возови кои одат за Велес, Гевгелија, Битола и Кочани. Галерија
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia