Жаклина Глигориевска - Кочоска
Жаклина Глигориевска - Кочоска — македонска сликарка. ЖивотописЖаклина Глигориевска - Кочоска дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на Рубенс Корубин. ТворештвоЖаклина Глигориевска - Кочоска учествувала на околу 80 групни изложби во Македонија и во странство, а имала и неколку самостојни изложби. На 3 јуни 2014 година,во галеријата "МЦ" во Њујорк, била отворена нејзината шеста самостојна изложба, насловена како: "Долго врне во волшебниот свет". На изложбата, организирана од Националната галерија на Македонија со поддршка на министерството за култура, биле претставени 27 дела од нејзиното поново творештво.[1] Жаклина Глигориевска - Кочоска е добитник на наградата „Вангел Коџоман“.[2] За делото Inevitable restart ја добила наградата за најдобар цртеж која Друштвото на ликовни уметници на Македонија ја доделува во рамките на традиционалната изложба „Експериментален цртеж“ отворена во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје[3]. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia