Жамила Колономос
Жамила Ангела Исак Колономос (Битола, 18 јуни 1922 - Скопје, 18 јуни 2013) — македонска револуционерка и првоборец, поранешна професорка по француска филологија, општественик, писател и публицист[1]. ЖивотописКоломонос е родена на 19 јуни 1922 година еврејско семејство во Битола. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје. Како член на СКОЈ и првоборец од април 1941 година била истакнат организатор на еврејската младина во НОД. Била примена за член на КПЈ од април 1942 и наскоро преминала во илегалство. Од април 1943 станала борец на Битолскиот народноослободителен партизански одред „Гоце Делчев„. Била заменик политички комесар во Првата македонско-косовска народноослободителна ударна бригада и заменик политички комесар на Четириесет и втората (македонска) дивизија на НОВЈ, секретар на баталјонски, бригаден и дивизиски комитет на КПМ. Подоцна била избрана за член на Окружниот комитет на КПМ во Битола и член на ПК на СКОЈ за Македонија од декември 1944. По Ослободувањето била функционер на АФЖ на Македонија, секретар на Окружниот народен одбор во Тетово, кандидат за член на ЦК на КПМ каде била избрана на Првиот конгрес на КПМ[2] и член на ЦК на КПМ избирана на Вториот, Третиот и Четвртиот конгрес на ЦК на КПМ/СКМ, началник на Персоналното одделение во Владата на НРМ, член на Агитпроп на ЦК на КПМ, член на Кадровската комисија на ЦК на КПМ, републички пратеник во Собранието на СРМ во повеќе свикувања, претседател на Сојузот на женските друштва на Македонија, претседател на Републичкиот совет на друштвата за заштита и воспитување на децата и активист на подоцнешниот Советот за грижи и воспитување на децата на Македонија. Избрана за професор емеритус на Катедрата за романска филологија на Филозофскиот факултет во Скопје во 1962 година. Носител е на Партизанска споменица 1941 и Орден на братството и единството со златен венец. Мажена е за еврејскиот активист од Македонија, Аврам Садикарио со кого го имаат синот Самуел Садикарио. Починала во Скопје на 18 јуни 2013 година. БиблиографијаАвтор е на прилози и книги сеќавања и документи за минатото на Евреите во Македонија, посебно во Втората светска војна и НОБ, за јудеошпанскиот јазик и книжевност т.е. јазикот и книжевноста на Сефардите и др[3].
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia