Житошки манастир
Житошки манастир (во поново време познат и како Локвенски манастир) — манастир во јужниот дел на Македонија, сместен во рамки на атарот на селото Локвени, иако историски припаѓал на селото Житоше.[1] МестоположбаМанастирот се наоѓа во месноста Манастириште, јужно од некогашното село Долно Житоше (денес дел од Житоше).[2] До него може да се дојде по земјен пат, кој е во лоша состојба. ИсторијаЗа манастирот се верува дека е средновековен,[2] иако според ктиторскиот натпис годината на изградба е 1627 година.[3] Манастирот бил доста познат и богат. Тој поседувал земја, шума и стока. На неговата манастирска слава се собирале гости од сите села.[2] По иселувањето на христијанското население од Долно Житоше, манастирот бил напуштен. Од 1912 година, грижата за него ја презеле христијаните од селото Локвени.[2] Наце Димов, заедно со крушевчанецот Марко Атанасов Мушевич–Македонец, кој е повикан од Наце, поднесуваат молба до Светиот синод на Руската православна црква и меморандум до Министерството за надворешни работи за отворање стручно (занаетчиско) училиште со интернат во разурнатиот Житошки манастир, каде ќе се предава на македонски јазик.[4] Во 1950-тите години, црквата и манастирот биле без земја, напуштени и полуразрушени.[2] Со текот на времето, црквата целосна се разурнала.[3] ГрадбиВо склоп на манастирот влегуваат една црква, конак, чешма и помошни објекти. Црква „Св. Атанасиј“Црквата е единствениот храм во манастирот. КонациВо 2016 година биле поставени темели за изградба на новите конаци на манастирот, а на чинот бил присутен митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар.[5] Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia