Црква „Св. Атанасиј“ - Локвени
Свети Атанасиј — главна манастирска црква на средновековниот Житошки манастир помеѓу прилепските села Локвени и Житоше, Македонија.[1] Црквата се наоѓа во атарот на селото Локвени, сместена над него. Историски, црквата била подигната и припаѓала на некогашното христијанско село Долно Житоше. Црквата е прогласена за споменик на културата. МестоположбаЦрквата се наоѓа над селото Локвени, а до нејзе се пристапува по лош земјен пат. Црквата се наоѓа над селото Локвени, на самата граница на атарот со соседното Житоше. Црквата е изградена во месноста Манастириште, кое некогаш припаѓало на селото Долно Житоше (денес дел од Житоше).[2] ИсторијаЗа црквата и самиот манастир се верува дека е средновековен. Од ктиторскиот натпис се дознава дека била подигната во 1627 година.[3] Во 1890-тите години, свештеникот во црквата бил обесен од страна на житошките Арбанаси.[2] Во 1950-тите години, црквата и манастирот биле без земја, напуштени и полуразрушени.[2] Со текот на времето, црквата целосна се разурнала.[3] Црквата започнала да се гради повторно во 2012 година и нејзината изградба завршила во 2016 година.[4] АрхитектураФрескоживописЦрквата поседувала фрескоживопис кој бил насликан во 1627 година. Истиот бил пренесен во крушевската црква „Св. Троица“.[3] Сликарството било суво и без моделација, фигурите биле издолжени, а колоритот бил згаснат.[3] По возобновувањето на црквата, во 2016 година се вршени и уредување на внатрешноста на црквата.[4] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia