Жофре Суп
Жофре Суп (француски: Geoffrey Soupe; р. 22 март 1988) — француски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Кофидис. Суп бил национален друмски првак во конкуренцијата под 23 години во 2010,[1] и завршил втор зад Британецот Алекс Даусет на Европското хронометарско првенство под 23 години.[2] КариераРоден во Вирја, Ен, Суп настапувал за ВК Бресан и ВК Вол ан Велен како јуниор и во составот на Етупе ле Дуа како аматер, пред да му се приклучи на професионалниот состав на ФДЖ за сезоната 2011.[3] На првата трка за екипата, Суп ја освоил воведната етапа на Ла Тропикал Амиса Бонго во Габон - победувајќи го возачот на Тим Јуропкар Антони Шарто во меѓусебниот спринт[4] – пред да заврши на трката на осмото место во генералниот пласман.[5] Подоцна Суп додал уште една етапна победа на Тур Алзас,[6] пред да се откаже од трката следниот ден.[7] Суп го направил своето деби на Гранд Тур трка на Џиро д’Италија 2012, заземајќи го третото место во текот на првата масовна етапа во Хернинг, Данска; резултат за кој Суп изјавил дека „жали“, бидејќи претпоставил дека треба да го води главниот спринтер на екипата Арно Демар, кога тој бил зафатен во падот во последната кривина.[8] Во август 2014 година, Кофидис објавил дека потпишале со Суп, заедно со неговиот колега од ФДЖ Насер Буани, за сезоната 2015.[9] Бил вклучен во почетниот состав на екипата за Тур де Франс 2015.[10] Достигнувања
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia