Жунињо Пернамбукано
Антонио Аугусто Рибеиро Реис Жуниор (роден 30 јануари 1975), попознат како Жунињо или Жунињо Пернамбукано,[1] е поранешен бразилски фудбалер, играч од средниот ред. Моментално работи како фудбалски коментатор за бразилската спортска мрежа Реде Глобо.[2] Во својте играчи фудбалски денови Жунињо бил познат како специјалист за умртвување на топката и се сметал за еден од најголемите мајстори за изведување на слободните удари.[3][4] Со вкупно 77 постигнати гола од слободни удари во кариерата, тој го држи рекордот на сите времиња во оваа категорија. Својата кариера Жунињо ја започнал во Спорт Ресифе во Бразил, а потоа играл и шест години за Васко де Гама пред да дојде во францускиот Олимпик Лион каде играл осум години и станал легенда на клубот. Тој му помогнал на Лион да освои 7 последователни титули во Лига 1, постигнувајќи точно 100 гола на 350 официјални натпревари за клубот.[5] По неговото заминување од Франција во 2009 година, Жунињо играл во Ал-Гарафа од Катар, во Њујорк Ред Булс во МЛС лигата и повторно во Васко да Гама каде се пензинорал во 2013 година. За бразилската репрезентација Жунињо постигнал шест гола во 40 натпревари, а од репрезентативниот фудбал се повлекол по Светското првенство 2006. Титули
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia