Роберто Карлос
Роберто Карлос да Силва Роча (роден на 10 април 1973, во Гарса), попознат само како Роберто Карлос, е бразилски фудбалски тренер и поранешен играч, на позицијата лев бек. По неговото пристигнување во Европа, неговиот прв клуб бил Интер, но во Милано се задржал само една сезона, за да му се приклучи на Реал Мадрид во 1996 година, каде што тој поминал 11 успешни сезони, играјќи 584 натпревари во сите натпреварувања и постигнал 71 гол. Со Реал, тој четири пати ја освоил шпанската Ла Лига и трипати Лигата на шампионите. Во април 2013 година, тој бил избран од страна на шпанскиот весник Марка во "Најдобрите странски единаесет фудбалери во историјата на Реал Мадрид".[1] Во август 2012 година, тој го најавил своето пензионирање од фудбалот на возраст од 39 години.[2] Роберто Карлос го презеде управување на тускиот Сиваспор како тренер во турското првенство во јуни 2013 година.[3] Тој поднесе оставка како тренер во декември 2014 година.[4] Во јули 2015 година, тој беше назначен како играч / менаџер во Индиската Супер лига во клубот Делхи Дајнамос.[5] Роберто Карлос почна да игра за националениот тим на Бразил во 1992 година Тој играше на три Светски првенства, помагајќи му на тимот да дојде до дофат до финалето во 1998 година на ФИФА Светското првенство во Франција, и да го освои ФИФА Светското првенство во 2002 година во Кореја / Јапонија. Тој беше именуван во Ол- Стар тимот на ФИФА Светското првенство во 1998 година и 2002 година. Кариератреба да се дополни ТитулиКлупски
Репрезентативни
Тренерска статистика
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia