Залцберген
Залцберген (германски: Salzbergen) — општина во округот Емсланд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Емс, околу 25 километри јужно од градот Линген и 10 километри северозападно од градот Рајне. Во него се наоѓа најстарата нафтена рафинерија, отворена во 1860 година. ГеографијаМестоположбаОпштината се наоѓа во јужниот дел на округот на реката Емс. Се наоѓа на границата со вестфалскиот дел на Северна Рајна-Вестфалија и недалеку со границата со Холандија. Соседни општиниЗалцберген на север се граничи со општината Емсбирен, на исток со општинската заедница Шпеле, на југ со градот Рајне и општините Нојенкирхен и Ветринген во округот Штајнфурт во Северна Рајна-Вестфалија и на запад со општинската заедница Шитторф во Грофовијата Бентхајм. Општински единициОпштината има три единици: Холстен-Бекстен, Хумелдорф и Штајде.
Галерија
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia