Линген (Емс)За други истоимени места, погледајте Линген (појаснување).
Линген (службено наречен: Линген (Емс); германски: Lingen или Lingen (Ems)) — град во округот Емсланд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Емс, непосредно на самата граница со Холандија. ГеографијаМестоположбаЛинген се наоѓа во јужниот дел на округот Емсланд. На источниот брег на Емс се наоѓа Лингенер Хее. Градски единициГрадот Линген (Емс) се состои од историското градско јадро, Стариот град и градските единици Ројшберге, Штрот, Дамашке, Хојкампс-Танен - Телгенкамп, како и десет места кои некогаш биле самостојни општини: Алтенлинген, Бакум, Брамше, Брокхаузен, Брегберн, Клузорт-Брамхар, Дарме, Холтхаузен, Лакстен и Шепсдорф.
Соседни општиниЛинген се граничи на север со Гесте и Бавинкел, на исток со Ланген, Туине и Месинген, на југ со Лине и Емсбирен, како и на запад со Витмаршен. КлимаКлимата во Линген има годишна просечна температура од 9,3 °C и просечни врнежи од 789 милиметри. Во градот била измерена рекордна највисока температура во рамки на Германија со дневна температура од 42,6 степени целзиусови во текот на топлотниот бран во јули 2019 година.
ПолитикаГрадски советГрадскиот совет се состои од 42 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 50.001 и 75.000 жители.[2] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години. На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:[3] Градски директориЗа време на периодот на двојно административно управување (1945–2000), градот ги имал следниве градски директори:
ГрадоначалникГрадоначалници на Линген биле:
Збратимени градовиЛинген (Емс) е збратимен со следниве градови:[4]
Познати луѓе
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia