Залцхемендорф
Залцхемендорф (германски: Salzhemmendorf) — слободна општина во округот Хамелн-Пирмонт, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа 20 километри источно од Хамелн и 31 километар западно од Хилдесхајм. Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење. ГеографијаМестоположбаОбласта на општината се наоѓа во Лајнското Средногорје, во источниот дел на Природниот парк Ридски крај Везер Шаумбург-Хамелн. Општинските единици се наоѓаат од 86 до 441 метар надморска височина. Низ местото Зале, притока на Лајне. Општински единициЗалцхемендорф се состои од средишното место и единиците Аренфелд, Бенсторф, Хемендорф, Лауенштајн, Лефедагзен, Окензен, Олдендорф, Остервалд, Тисте и Валензен. Овие 11 единици претходно биле самостојни општини, но со општинската реформа во 1973 година биле припоени кон општината Салцхемендорф.[2] Соседни општиниОпштината се граничи со општините Копенбриге (округ Хамелн-Пирмонт), Шпринге (Хановер), Елце, Гронау, Дуинген (сите во округот Хилдесхајм), Ешерсхаузен-Штатолдендорф и Боденвердер-Поле (обете во округот Холцминден). Главни знаменитости
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia